Ефекти од воведувањето на регионален систем за управување со отпад

Hadzi-Nikolova, Marija and Mirakovski, Dejan and Angelova, Biljana and Panov, Vlatko and Karanfilova Maznevska, Ana (2015) Ефекти од воведувањето на регионален систем за управување со отпад. In: IV Меѓународна конференција „Регионално управување со отпад“, 26-28 May 2015, Ohrid, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Hadzi-Nikolova1.pdf

Download (1852Kb) | Preview

Abstract

Регионалното управување со отпад претставува современ, стратешки пристап во управувањето со отпадот и предуслов за систематско решавање на третманот на отпад. Интегрираното регионално управување со комуналниот цврст отпад подразбира постепено затворање на несанитарните комунални и диви депонии и изградба на нови регионални инженерско санитарни депониии. Регионалните депонии за комунален отпад кои треба да се изградат, ќе бидат опремени и ќе работат во согласност со стандардите на ЕУ и истите овозможуваат одржување на контрола над сите текови на создаден отпад, намалување на количините на создаден отпад, искористување на материјалната и енергетската вредност на отпадот, намалување на количините на опасни супстанции во отпадот, прифатливо депонирање од аспект на заштита на животната средина, како и спречување на нови оптоварувања на животната средина што ќе треба да ги решаваат идните генерации. Во трудот ќе се осврнеме на ефектите од регионалното управување со отпадот како што се: затворање и ремедијација на депониите оценети како ризични за здравјето на луѓето, создавање нови работни места, зголемување на приходот, подобрување на животниот стандард, како и зголемено учество на јавноста. Клучни зборови: регионална депонија, регионален план, животна средина, управување со отпад.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Engineering and Technology > Environmental engineering
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Marija Hadzi-Nikolova
Date Deposited: 17 Nov 2015 12:36
Last Modified: 17 Nov 2015 12:36
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14275

Actions (login required)

View Item View Item