Водич за органско производство на соја

Mihajlov, Ljupco (2009) Водич за органско производство на соја. Manual. Ministry of Agriculture Forestry and Water Economy of the Republic of Macedonia, Skopje, ISBN 978-9989-2781-6-7.

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ljupco.mihajlov_Desktop_ТРУДОВИ ЗА НА РЕПОЗИТОРИУМ_Vodic za organsko proizvodstvo na soja.pdf

Download (1761Kb) | Preview
Official URL: http://www.mzsv.gov.mk/files/Vodic%20za%20soja.pdf

Abstract

Прирачник за органско производство на соја.Желбата да се создаде пишан материјал за начинот, техниките и принципите на органското производство на соја од домашно потекло придонесе да се образложат информациите како тоа може да се спроведе во производни услови во различни агроеколошки услови и региони во нашава држава.Стручната и научната литература на македонски јазик што обработува содржини од ваков вид е мошне дефицитарна, а конкретно за сојата скоро и да ја нема. Преку концизното презентирање на екологијата, морфологијата, биологијата, агротехниката и употребната вредност на сојата, како и деталните упатства, совети и сугестии за нејзиното органско производство, секој почетник или искусен земјоделец брзо и лесно може да стане вешт одгледувач на соја врз принципи карактеристични за органското земјоделско производство. Во директивата 2092/91 на Советот на Eвропската eкономска заедница (ЕЕЗ) се публикувани барањата за органско земјоделство. Овие барања се задолжителни за сите земји-членки на Европската унија. Постојаната домашна законска регулатива е во согласност со директивата 2092/91 на Советот на ЕЕЗ. Во спротивен случај, сертификатите што ги издава сертификациското тело не би биле признати од земјите-членки на ЕУ или која било друга земја. Овој начин на земјоделско производство се базира на знаења и практична реализација, врз основа на научни и практични докази, резултати и факти.Подготовката се изразува во:  усвојување на технологиите за органско производство;  разработување на подробен план за конверзија – преминување од традиционално кон органско производство;  обука на земјоделските производители за производство на одредена култура, преку вклучување и искористување на нови нетрадиционални методи и средства при одгледувањето и заштитата на културите.Податоците наведени во овој прирачник, освен од досегашните истражувања и искуства од областа на одгледување на сојата спроведувани кај нас, се поткрепени и со податоци од странска литература од оваа област.Од пресудно значење за донесување одлука за органско производство на соја е целта за која производителот ќе се одлучи да произведува соја на ваков начин, односно за која намена ќе го користи добиеното производство (зелено зрно, зрело зрно, сировина за човечка храна, сировина за сточна храна, зелена маса, сидерација или друго). Тоа пак е условено од агроеколошките карактеристики на подрачјето каде што се планира да се одгледува сојата, од можностите за интервентно наводнување, од местоположбата и големината на земјоделската парцела, од располагањето со земјоделска техника за спроведување на ваков вид на производство и сл.

Item Type: Monograph (Manual)
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Ljupco Mihajlov
Date Deposited: 11 Nov 2015 10:24
Last Modified: 11 Nov 2015 10:24
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14206

Actions (login required)

View Item View Item