Осврт кон старото рударство и металургија во североисточна Македонија

Nikolovski, Zvonimir (2011) Осврт кон старото рударство и металургија во североисточна Македонија. Музејски гласник 2011, 6. pp. 171-186. ISSN P.P.1-265

[img]
Preview
Text
Rudarstvo i metalurgija.pdf

Download (5Mb) | Preview
[img]
Preview
Text
ЗН 4.pdf

Download (493Kb) | Preview

Abstract

Во овој труд прикажан е осврт кон старото рударство во североисточниот дел на Македонија од најраните траги на организирано рударење во антиката, до раниот среден век. Освен рударството, како неделив процес во примарната и финалната обработка на рудата, прелиминарно е обработена металургијата застапена преку остатоците на рудна шљака и остатоци од печки, нарочно во богатите рудни ревири во кратовско - злетовската вулканска област. Во натамошната елаборација даден е целосен приказ на рударството и металургијата, нарочно од времето на Антонините, во најдлабоката криза на царството, доцната антика, византискиот период и средновековниот период кога во Кратово имало развиена рударска активност и ковница на монети. Основниот карактер на просторот на североисточна Македонија, е неговата централна положба како мост помеѓу грчко - македонскиот југ, илирскиот запад, тракискиот исток и трансверзалата север - југ. Кога Трибалите се губат од историската сцена, во втората половина на IV век п.н.е., Кумановската, Кратовската и Кривопаланечката област, во еден кус период била населена со Пајонското племе Агријани. Овој простор се врзува и со ковање на дамастионски монети чии остави се пронајдени во Скопско - Кумановскиот регион и во околината на Кратово, каде најверојатно биле експлоатирани рудниците богати со злато и сребро. Рудниците околу Кратово по инвазијата на Дарданците не биле веќе во надлежност на пајонските кралеви. Така Леон и Дропион во периодот околу 280 и 230 година п.н.е. ковале исклучиво бронзени пари, бидејќи неможеле да ги користат сребрените рудници во североисточна Македонија кои веќе се наоѓале под Дарданска окупација.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Zvonimir Nikolovski
Date Deposited: 11 Nov 2015 09:05
Last Modified: 11 Nov 2015 09:05
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14204

Actions (login required)

View Item View Item