Прилог кон доцноантичките утврдувања во североисточниот дел на Македонија

Nikolovski, Zvonimir (2013) Прилог кон доцноантичките утврдувања во североисточниот дел на Македонија. Ethnology of communication, VIII (12). pp. 273-295. ISSN 1311-493X

[img]
Preview
Text
Prilog kon docnoantickite utvrduvanja vo severoistocna Makedonija.pdf

Download (13Mb) | Preview
[img]
Preview
Text
ЗН 3.pdf

Download (849Kb) | Preview

Abstract

Темата која ги обработува доцноантичките утврдувања во североисточниот дел на Република Македонија е еден сегмент од обемниот корпус содржан во докторската дисертација насловена како “Антика во североисточниот дел од Република Македонија” и ги опфаќа утврдувањата покрај големите патни комуникации, кои овој простор го карактеризираат како патна крстосница во овој дел од државата. Тоа се пред се големите утврдувања од категоријата опидуми кои ги контролирале главните патни правци и тоа: комуникацијата која ги поврзува северните простори кон Јужна Морава и Дунав, која била контролирана од опидумот “Голема Кулица” над селото Карабичане (денешен Коридор 10); источната патна комуникација, Скупи - Пауталија, контролирана од опидумот на локалитетот “Костоперска Карпа” кај селото Младо Нагоричане; сеуште хипотетичниот Визианум, на локалитетот “Црквиште” кај селото Клечовце; “Големо Градиште” кај селото Коњух; опидумот “Градиште” кај селото Опила (денешен Коридор 8); јужната патна комуникација, контролирана од опидумот на локалитетот “Градиште” над селото Градиште, а презентирани се и неколку помали кастели кои биле во функција на опидумите, подигнати во најголем дел за време на Јустинијановата рефеција по земјотресот од 518 година и инвазијата на северните варварски народи. Во глобала, опфатени се утврдувањата во североисточниот дел на Република Македонија подигнати или обновени во доцниот IV, V и VI век. Од недоволните пишани извори и од теренските информации, уште во доцниот IV век забележителни се промени во категориите на утврдувањата, односно се повеќе се градат цивилно - војнички стражи, кои како основен елемент во одбрабениот систем ја вршат оваа функција и во V и VI век. Големите трансбалкански патишта од сите категории, кои поминувале преку централните области на Балканскиот полуостров и ги спојувале север со југ и исток со запад, ја сочинувале рамката за формирање на античките одбрамбени системи во нашите области. Етапите на градењето временски се поклопуваат со значајните настани во Царството, поврзано со централнобалканското подрачје како што се, римското освојување и поставување на војни формации, упадите на варварите од север, економската криза и внатрешните немири во средината на III век н.е., како и административните, општите и локалните реформи во одредени области, поголеми градови или рударски центри. Одбрамбените системи во нашите области формираат утврдени градови и утврдувања во внатрешноста, покрај војничките патишта, покрај рударските средишта и стопанските имоти. Врз основа на досега познатите факти потврдени се фази во градба на утврдувањата на просторот во североисточниот дел од Македонија и тоа од III век, еден мал број потекнува од периодот на владеењето на Теодосиј I, помалку од V век, а најмногубројни се од време на Јустинијановата рефеција и изградба на нови утврдувања во VI век, кои во најголем дел се предмет на оваа елаборација. На тоа ни укажуваат наодите на монети на самите локалитети, кои всушност се најдобар репер за датирање на утврдувањата. За разлика од утврдувањата во претходните периоди, доцноантичките утврдувања не биле распоредени во една одбрамбена линија, туку во внатрешноста за да го заштитат цивилното население, патните комуникации и економските објекти. Основната промена е евидентна во изборот на местата на нивно подигање. Додека постарите утврдувања биле градени за офанзивна намена, во рамници, во доцната антика тие се градат на возвишенија, често прилагодувајќи се на конфигурацијата на теренот, кое пак условило вариетети во планот и внатрешниот распоред. Доцноантичките методи за утврдување на градовите, воените логори и цивилните рефугиуми делумно се користени и подоцна, а некои објекти со поправки и адаптации го продолжиле својот живот во Византија и во средниот век. Во овој преглед ќе бидат опфатени главните утврдувања кои го карактеризираат регионот како центар на движење на патните комуникации и културите кои оставиле траги во регинот. Тоа се пред се утврдените доцноантички опидуми кај следните села: Карабичане, Младо Нагоричане, Градиште, Коњух, Клечовце, Опила,Градец и останати опидулуми кои имале улога да ги обезбедуваат патните комуникаци во североисточниот регион.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Zvonimir Nikolovski
Date Deposited: 11 Nov 2015 09:04
Last Modified: 11 Nov 2015 09:04
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14148

Actions (login required)

View Item View Item