Свети Никита и Бесите во светлината на новите проучувања на Кумановската област

Nikolovski, Zvonimir (2011) Свети Никита и Бесите во светлината на новите проучувања на Кумановската област. Macedoniae acta archaelogica (20). pp. 341-346. ISSN 0350-1639

[img]
Preview
Text
Binder2.pdf

Download (15Mb) | Preview

Abstract

Со повеќето археолошки рекогносцираwа во западниот дел од кумановско изведени во текот на ископувањата на некрополата на локалитетот “Дрезга” во атарот на селото Лопате, вршев мултидисциплинарни истражувања за етимологијата на топонимите и ојконимите на сегашните називи на селата. Истражувајќи ја оваа недогледна тема, во моментот најпривлечно, согледувајќи ги и археолошките манифестации, ми беше се она што е поврз-но со оригинот на името на селото Никуштак. Првите сознанија ме доведоа до податокот за постоеwе на топоним “Црквиште” во близина на селото, кое во постарите извори се води како црковен посед на манастирот Св. Никита во атарот на селата Горњане и Чучер, западно од Скопска Црна Гора и се наоѓа во подножјето на локалитетот “Кале”, кај селото Никуштак. Следејќи една дале~на трага која едвам се наyира, за етимологијата на селото Никуштак ќе се поврзам со култот на Свети Никита од доцната антика, односно од крајот на 4 и 5 век. Од изворите е познато дека овде не се работи исклучиво за Свети Никита од Ремезијана, туку во раното средновековие дошло до спојување на Св.Никита од Ремезијана, Св. Никита од Аквилеја и Св. Никита од Триер, на просторот на Скопска Црна Гора. Во близина на црквата Св. Никита, на археолошкиот локалитет “Давина Кула” во селото Чучер откриени се остатоци на две базилики од доцноантичкиот односно ранохристијанскиот период. На ова со право се надоврзува хипотезата за постоење на суфраган на митрополитот Јован од Скупи, во крајот на 5 век. И археолошките наоди афирмативно ги поврзуваат локалитетите од двете страни на Скопска Црна Гора. Пред се тоа е еден оловен печат од Давина Кула (Сл. 1) кој на аверсот има натпис СИΛΒΑΝΟ[С] и крст во средината, а на реверсот можеби криптограм со иконографска претстава на градот ΘΟΜΕ ?

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Zvonimir Nikolovski
Date Deposited: 11 Nov 2015 08:54
Last Modified: 11 Nov 2015 08:54
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14131

Actions (login required)

View Item View Item