Хигена на протетските помагала кај институционализираните стари лица

Petrovski, Mihajlo and Ivanovski, Kiro and Minovska, Ana (2014) Хигена на протетските помагала кај институционализираните стари лица. Vox dentarii, 9 (3). pp. 32-35.

[img]
Preview
Text
NASLOVNA VOX DENTARII.pdf

Download (344Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Binder11.pdf

Download (11Mb) | Preview
Official URL: http://stomatoloskakomora.org/wp-content/uploads/2...

Abstract

Вовед. Хигиената на протетските помагала кај институционализираните стари лица е незадоволителна. Таа влијае врз самото орално здравје, а истотака и на трајноста на протетските помагала. Цел. Да се забележат хигенските навики како и степенот на одржување на хигиената на протетските помагала кај институционализираните стари лица. Материјал и метод. Истражувањњето е изведена на примерок од 73 лица над 65 години институционализирани впо одделението „Мајка Тереза“ во рамките на ЈЗУ Геронтолошки завод „13-ти ноември“ од Скопје. Испитаниците одговараа на прашања со чија помош се одредувани нивните навики во одржувањето на оралната хигиена. Потоа е извршена објективна проценета хигиената на протетските помагала. Резултати. 26,03 % од испитаните лица имаат потреба од туѓа помош при изведувањето на хигенските навики на протетските помагала. 58,06 % од институционализираните лица не вршеле чистење на своите протетски помагала. 51,72 % од испитаниците имале незадоволителна хигиена на протетските помагала. Заклучоци. Институционализираните лица имале незадоволителна хигиена на протетските помагала, исто како и несоодветни навики за нејзиното одржување. Поради тоа потребно е да се изготват соодветни програми со кои ќе се изврши тренинг на професионалнците кои се одговорни за секојдневната грижа за одржување на оралната хигиена кај старите лица. Клучни зборови: институционализирани стари лица, стари лица, хигиена на протетски помагала, протетски помагала.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ana Minovska
Date Deposited: 09 Dec 2015 11:27
Last Modified: 09 Dec 2015 11:27
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14085

Actions (login required)

View Item View Item