Оптички материјали за оптометристи - скрипта

Stojanovska, Zdenka and Cekerovska, Marija (2015) Оптички материјали за оптометристи - скрипта. ISBN 978-608-244-208-2.

Full text not available from this repository. (Request a copy)
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/471

Abstract

Скриптата претставува наставен прирачник за реализација на наставната програма по Оптички материјали, што го изучуваат студентите по Оптометрија и очна оптика на Факултетот за медицински науки при УГД, Штип со неделен фонд на часови 1+1+1. Наставните едници се систематизирани во девет главни теми. Во првата тема „Основни оптички принципи” се повторени веќе усвоените закони на оптиката, што се директно поврзани со материјалите што се обработуваат во следните поглавја; Понатаму следи темата „Особини на материјалите за леќи”, накратко се претставени особините на материјалите за изработка на леќи изразени со одредени физичи величини, што обично се специфицирани од призводителот; Третата тема „Поделба на оптичките материјали по состав” ги објаснува особините, поделбите и начинот на производство на стаклените и на пластичните леќи; Следната, четврта тема, „Леќи во боја” прво ја разработува трансмитивноста на светлината низ леќите, како и факторите што влијаат врз неа. , во ова поглавје се разработуваат различните начини на боење на леќите, како и нивните карактеристики; Во петтата тема „Фотохроматски леќи” се објаснети фотохроматизмот, предностите на овој тип леќи, како и факторите кои влијаат врз фотохроматизмот; Во шестата тема, „Леќи со посебна намена”, дадени типовите леќи што се предмет на интерес на офталмолошката оптика покрај корективните леќи, а понатаму е објаснета и улогата на филтрите; Во седмата тема, „Антирефлексиски покривки”, прво се објаснети негативните ефекти на рефлексијата од површините врз процесот на гледање. Потоа се објаснети антирефлексиските покривки, како и начинот на нивното дејствување и поставување. Во рамките на оваа тема се обработени и рефлексиските покривки; Осмата тема, „Механичка заштита на леќите”, ги објаснува прво механичките особини на леќите и можните начини за нивно механичко оштетување. Потоа се разработени и поривките што се поставуваат врз леќите за нивна механичка заштита Во последната, т.е. деветтата тема, „Материјали за изработка на рамки за очила”, се систематизирани типовите, како и карактеристиките на пластиката и метелите што се користат најчесто за изработка на рамки за очила. Во својата содржина на 70 страници, скриптата содржи 9 табели и 57 слики, со кои на студентите им се предочуваат и им се поедноставуваат предметните наставни единици. Авторите се заблагодаруваат на лекторот и на рецензентите за внимателното читање на текстот и за корисните забелешки и совети, што придонесоа за подобрување на квалитетот на овој текст.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Natural sciences > Physical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Zdenka Stojanovska
Date Deposited: 28 Oct 2015 11:59
Last Modified: 28 Oct 2015 11:59
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14081

Actions (login required)

View Item View Item