Влијанието на технологијата и иновациите врз креирањето на менаџмент стратегија на претпријатието

Paneva, Marina (2015) Влијанието на технологијата и иновациите врз креирањето на менаџмент стратегија на претпријатието. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Магистерски-труд-Марина-Панева-.pdf]
Preview
Text
Магистерски-труд-Марина-Панева-.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Во овој научно-истражувачки труд е објаснето влијанието на технологијата и
иновациите врз процесот на креирање на правилна менаџмент стратегија.
Промените што постојано се случуваат во надворешното окружување, стануваат
критичен фактор за работењето и успехот на претпријатието. Со тоа се јавува
потребата за постојано проучување на окружувањето, моменталната состојба и
согледување на можностите што тоа може да му ги пружи на претпријатието. Во
тој поглед, се објаснува стратегискиот менаџмент како континуиран процес на
создавање успешни конкурентски стратегии. Во процесот на стратегискиот
менаџмент посебно внимание е посветено на технологиите и иновациите. Имајќи
предвид дека технологијата денес е распространета насекаде, значајна и
застапена во сите активности со кои се занимава човекот, може да кажеме дека
секоја активност која произведува вредност, користи некоја технолошка помош
која ги комбинира купените инпути и човечките ресурси за да произведе некој
аутпут. Иновацијата во суштина претставува унапредување на технологијата.
Стратегискиот менаџер ја има клучната улога во водењето на
организацијата и донесување на клучни стратегиски одлуки, поврзани со
воведување на нови технологии и иновации, за креирање и имплементирање на
правилна менаџмент стратегија на претпријатието.
Во контекстот на обработената тема е извршено и емпириско истражување,
каде се констатира дека во истражуваните претпријатија несоодветно е
перципирана од страна на менаџерите и вработените вклученоста на новата
технологија и иновациите во менаџмент стратегиите за постигнување на
конкурентска предност.
Клучни зборови:конкурентска предност, инвестиции, промени, унапредување,
истражување и развој

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 27 Oct 2015 14:05
Last Modified: 27 Oct 2015 14:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14080

Actions (login required)

View Item View Item