Лековите и сонцето

Angelovska, Bistra (2015) Лековите и сонцето. Ваш аптекар (4). pp. 16-17. ISSN 1857-971X

[img]
Preview
Text
Лековите и сонцето.pdf

Download (146Kb) | Preview
Official URL: http://vasaptekar.mk/files/4-MK.pdf

Abstract

Употребата на лекови, особено на средства за смирување, антибиотици, лекови за хронични болести пропишани од лекар, како и лекови кои може да се купат без рецепт во светот и кај нас е многу голема. Нивните корисници најчесто не размислуваат за можните несакани дејства, интеракциите со други лекови или хараната и за појавите на несакани ефекти при изложување на сонце. Ултарвиолетните зраци на сонцето се невидливи и не греат, но предизвикуваат хемиски реакции со некои лекови. Овие реакции може да бидат сериозни и треба да се прекине терапијата или сончањето. Промените најчесто се манифестираат на лицето, вратот, деколтето, како и на другите делови што не се заштитени со облеката. Кожата е црвена, топла, слична на изгореници од сонце. Често чеша и пече, а може да се појават и пликови. Промените најчесто настануваат во период од неколку часа до два дена од изложеноста на сонце. Вакви реакции може да се јават и после половина час, доколку лекот има јако фотосензибилизирачко дејство. Реакциите што се јавуваат како последица од сончање при истовремена употреба на некои лекови се фотосензитивни реакции. Знаците на фотосензитивност се јавуваат кај лицата кои употребиле некоја фотосензитивна материја, надворешно на кожата, преку органите за варење или во вид на инјекција во доволна количина, а потоа биле изложени на сонце доволно долго време. Фотосензитивните реакции може да се јават како фототоксичност или фотоалергија.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Bistra Angelovska
Date Deposited: 13 Oct 2015 08:09
Last Modified: 13 Oct 2015 08:09
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13921

Actions (login required)

View Item View Item