Лековите и храната

Angelovska, Bistra (2015) Лековите и храната. Ваш аптекар (1). pp. 14-15. ISSN 1857-971X

[img]
Preview
Text
final лековите и храната.pdf

Download (331Kb) | Preview
Official URL: http://vasaptekar.mk/SPISANIE/1-MK.pdf

Abstract

Лековите и храната може значително да влијаат меѓусебно – храната може да го промени дејството на лекот, и обратно – лекот може да го промени искористувањето на храната во организмот. Патот на храната низ организмот е сличен со патот на лекот. Негативните ефекти при содејствијата меѓу храната и лековите најчесто се намалување на терапевтскиот ефект или зголемување на штетноста на лекот. Некои лекови може негативно да влијаат на можноста за искористување на некои хранливи состојки, што доведува до недостаток од истите. Истовремената употреба на некои лекови со храна може да има и позитивно влијание, на пример, може да ги намали несканите дејства од лекот или да го подобри неговото делување. На лекарот и на фармацевтот главно се поставува прашањето кога да се земе лекот - пред или после јадење. Помалку е познато дека при земањето на некои лекови треба да се внимава на изборот на храната бидејќи тие може да делуваат на некои состојки на лекот и да доведат до нескани последици. Терпевтското делување на лекот може да биде забавено или забрзано во зависност од храната што сме ја земале. Многу лекови може да го намалат апетитот - нивната долготрајна употреба може да биде причина за неухранетост. Спротивно од тоа, некои лекови го зголемуваат апетитот. Ако се земаат подого време, кај повеќето пациенти се зголемува телесната тежина.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Bistra Angelovska
Date Deposited: 13 Oct 2015 08:02
Last Modified: 13 Oct 2015 08:02
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13918

Actions (login required)

View Item View Item