Секциско предавање на тема Ликовите-дублети во романот Тунел од Петре М. Андреевски

Mladenoski, Ranko (2012) Секциско предавање на тема Ликовите-дублети во романот Тунел од Петре М. Андреевски. In: VIII Македонско-северноамериканска конференција, 7-8 July 2012, Ohrid, Macedonia. (Unpublished)

[img]
Preview
Text
Ranko Mladenoski VII makedonsko severnoamerikanska konfere….pdf

Download (842Kb) | Preview

Abstract

На VIII Македонско-северноамериканска конференција што се одржа на 7 и 8 јули 2012 година во Охрид во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема „Ликовите-дублети во романот ’Тунел‘ од Петре М. Андреевски“. Во текот на излагањето Младеноски нагласи дека од книжевно-теориски аспект, анализата се потпира врз семиолошката теорија на ликот во која се понуди мошне солидна детерминација на поимот за ликовите-дублети (како и за ликовите-синоними) и дека интерпретацијата се однесува конкретно на ликовите-дублети во романот „Тунел“ од Петре М. Андреевски, имајќи ги предвид мошне сложените семантички полиња на три лика во овој роман: Игор, Горан Паковски и Дејан Медаров. Во заклучокот од секциското предавање беше потенцирано дека ликовите-дублети во романот „Тунел“ од Андреевски се клучни раскажувачки елементи и дека, всушност, ликовите-дублети се фундаментот на наративната структура на овој роман од Петре М. Андреевски.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 02 Oct 2015 07:45
Last Modified: 02 Oct 2015 07:45
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13909

Actions (login required)

View Item View Item