Процес на креирање и употреба на систем за рударење на податоци во големопродажба

Vitanov, Goran (2015) Процес на креирање и употреба на систем за рударење на податоци во големопродажба. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Магистерска Горан Витанов (Лекториран текст).pdf

Download (3598Kb) | Preview

Abstract

Краток извадок Овој труд го опишува процесот на креирање податоци, информации и знаење преку пример со оперативна база на податоци. Согласно праксата, деловните апликации во денешниот корпоративен свет се креирани да складираат податоци во различни форми. Податоците се тесно поврзани со функционалниот процес на организацијата и може да потекнуваат од повеќе извори, влезови и системи. Купувачи, фактури, порачки, вработени и производствени податоци се само некои примери на собирање, обработка, складирање и акумулирање на голема маса на податоци. Податочниот склад е релациона база на податоци, но е дизајнирана за анализа и пребарување наместо за трансакциско процесирање. Нејзиниот централно интегриран податочен склад е дизајниран за известување и одржување на историјата на податоците. Екстракцијата, трансформацијата и полнењето овозможува податочниот склад да стане оперативен. Ова овозможува анализира на мултидимензинални податоци од повеќе перспективи со користење консолидација, drill-down, slicing и dicing. Со OLAP податочните коцки, податоците се прикажуваат во еден едноставен формат, агрегирани и пресметани во повеќе димензии. За деловните корисници OLAP податочните коцки претставуваат алатка за анализа, но не претставуваат откривање знаење. Математички и статистички методи се користат за идентификување скриени трендови и невообичаени шеми во податоците со цел предвидување на иднината. Податочното рударење се користи за извлекување на претходно непознати шеми како групи на податоци (кластер анализа), невообичаени податоци (откривање на аномалии) и зависности (асоцијативно правило) преку автоматска и полуавтоматска анализа на големи податочни множества. Последен чекор е користење на знаењето со цел креирање на мудрост.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 29 Sep 2015 12:00
Last Modified: 29 Sep 2015 12:00
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13881

Actions (login required)

View Item View Item