Форензички методи за анализа на уреди со iOS оперативен систем

Georgievski, Saso (2015) Форензички методи за анализа на уреди со iOS оперативен систем. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Форензички методи за анализа на уреди со iOS оперативен систем -лекторирано.pdf

Download (1723Kb) | Preview

Abstract

Употребата на дигиталните уреди сè повеќе се зголемува како што луѓето во својот живот ја интегрираат технологијата. Со развојот на новите технологии, криминалците наоѓаат начин да ги искористат технологиите за извршување на криминалните дејства. Барањата за мобилна форензика драстично се зголемија со излегувањето на паметните телефони поради напредните компјутерски способности, големиот простор за складирање податоци, интерфејс на допир. Поради сите овие карактеристични способности, iPhone е меѓу најмногу користените паметни телефонски уреди. Целата комуникација на овие уреди е документирана, бидејќи телефоните повеќе не се користат само за зборување. Секогаш кога ќе се оствари телефонски повик, ќе се испратат текстуални пораки, проверка на и-мејл, пребарување низ интернет, не размислуваме дека сите овие податоци се зачувуваат на самиот уред. Доколку овие податоци се избришат, тие можат да бидат вратени во целост. Со овој документ за форензичка анализа на IOS ќе бидат опишани сите функционалности на самиот уред кој претставува предмет на форензичка анализа, со цел да се сфати начинот на работа за да можеме на соодветен начин и со претходно дефинирани методи да пристапиме кон негова анализа.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 29 Sep 2015 11:58
Last Modified: 29 Sep 2015 11:58
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13871

Actions (login required)

View Item View Item