Персоналната експозиција на јаглерод моноксидот (СО) на работниците на монтажни работи во близина на сообраќајници

Angelovski, Dejan (2015) Персоналната експозиција на јаглерод моноксидот (СО) на работниците на монтажни работи во близина на сообраќајници. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Magisterski_trud_Personalna_ekspozicija_na_CO_Dejan_Angelovski_213111.pdf

Download (2624Kb) | Preview

Abstract

Во овој труд ќе бидат објавени резултати од студија спроведена во 2014 година, при што беа вршени мерења на изложеност на CO, NO2 и SO2 на група од 6 (шест) лица работници кои своите работни задачи ги обавуваат на отворен простор, во близина на фреквентни собраќајници и во населени места. Во периодот кога се вршени мерењата според извештаите кои ги даваа надлежните институции, концентрацијата на полутантите на мерните места на територијата на град Скопје беше неколкупати над максимално дозволената. Паралелно со мерењата е извршена и кратка анкета на вработените за здравствените симптоми и потешкотии кои ги чувствуваат во текот на извршување на работните задачи. (отежнато дишење, болка во градите, главоболка, слабост, гадење, чешање, солзење и печење во пределот на очите, гребење, сувост на грлото и дишните патишта и сл.). Резултатите од мерењата ке бидат прикажани во трудот во поглавје 9. Во периодот на подготвка беше направен обид за контакт на разни државни и надлежни институции во државата (Завод за статистика на РМ, Институт за јавно здравје на РМ, Институт за медицина на трудот на РМ, одреден број на еколошки здруженија и сл.) со цел да се добијат само информации дали во поновата историја се вршени некои истражувaња и изработени трудови на ова поле кои би можеле споредбено да ги искористиме. Но и покрај сите напори, не се најдени конкретни и официјални информации.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 28 Sep 2015 09:55
Last Modified: 28 Sep 2015 09:55
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13850

Actions (login required)

View Item View Item