Проценка на квалитетот на реставрација при слепа деконволуција на слики

Ljubotenska, Ana (2015) Проценка на квалитетот на реставрација при слепа деконволуција на слики. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Magisterski_trud.pdf

Download (4Mb) | Preview

Abstract

Терминот деконволуција се однесува на процесот на реконструирање на оригинална слика врз основа на една или повеќе деградирани слики, со користење на информации за оригиналната и деградираните слики. Деградирани слики се слики со нарушен квалитет. Нарушувањето на квалитетот се случува под дејство на различни фактори, на пример: контраст, шум, замаглување и друго. Во опсегот на овој магистерски труд се разгледани само замаглени слики со променлива должина на замаглување. При обработката на слики, замаглувањето се опишува со импулсниот одзив-PSF (анг. Point Spread Function). За него уште се користи и терминот јадро на замаглување (анг. Blur kernel). За жал, постојат апликации каде импулсниот одзив е непозната или делумно позната функција, при што се достапни малку информации за оригиналната слика. Кога импулсниот одзив не е познат, процесот на одмаглување се нарекува слепа деконволуција на слики (анг. Blind image deconvolution-BID). Слепата деконволуција, која уште е позната како слепо одмаглување на слики, е тешка задача поради недостатокот на претходни информации за процесот на замаглување. Во просторен домен импулсниот одзив го опишува степенот до кој во оптички систем на магла се шири точка на светлина. PSF е, всушност, инверзна Фуриева трансформација на функцијата на оптички трансфер-OTF. Во фреквентен домен, OTF ја опишува реакцијата на линеарен, просторно-непроменлив систем на импулс. Важноста на PSF произлегува од тоа што основната задача при слепата реставрација на слики е да се изврши деконволуција на замаглена слика, токму со негово користење. Овој магистерски труд има за цел да презентира и имплементира два нови, слепи алгоритами за реставрација на замаглени слики и да изврши споредба на добиените резултати со резултатите од други познати алгоритами од оваа област со цел да ја утврди нивната ефикасност. Алгоритамите за слепа деконволуција се тестирани на стандардните тест слики за оваа намена. Тестираните слики се со единечна рамка, односно без одделување на предниот дел од позадината на сликата.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 28 Sep 2015 09:44
Last Modified: 28 Sep 2015 09:44
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13847

Actions (login required)

View Item View Item