Практикум по Хемиска текстилна технологија

Mojsov, Kiro (2015) Практикум по Хемиска текстилна технологија. ISBN 978-608-244-215-0.

[img]
Preview
Text
Е-ПРАКТИКУМ ПО ХТТ од Киро Мојсов.pdf

Download (1967Kb) | Preview
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/448

Abstract

Потребата за изработка на „Практикум по хемиска текстилна технологија“ е голема, пред сè, за студентите на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип за да може тие да се запознаат со теоретските и практичните основни процеси, методи и операции за подготовка на текстилните материјали за боење (белење, скробење, раскробување, изварување, мерцеризирање, термостабилизација), класификација и дефинирање на бојата и примена на боите за боење на текстилот. Во експерименталниот дел се дадени постапки за синтеза на некои познати текстилни бои, а во делот за боење на текстилните влакна се опишани 13 рецептури. Во аналитичкиот дел се опишани квалитативни анализи на бои во прав, како и бои врзани на влакното со кои се одредуваат бојачките и хемиските својства на боите, нивниот хемиски состав и добивање на увид за присутноста на различни хемиски групи во испитуваната боја. Целта е студентите да стекнат знаење за работа во индустриски услови во зависност од претходната обработка на материјалите кој се конфекционираат, како и да научат да користат литература од оваа област. Практикумот е прилагоден кон наставната програма за предметот Хемиска текстилна технологија, кој студентите го слушаат во четврта година на Технолошко-техничкиот факултет на насоките за Текстилно инженерство и Текстил, дизајн и менаџмент. Овој практикум во прв ред е наменет за студентите од Технолошко-техничкиот факултет, но тој, исто така, може да ги задоволи и потребите на сите студенти кои имаат потреба од подетални знаења неопходни за развој на сите подрачја на хемиска текстилна технологија. При составување на овој практикум користени се познати учебници, практикуми и друга литература. Им изразувам посебна благодарност на рецензентите на практикумот, проф. д-р Ирина Младеноска и доц. д-р Ацо Јаневски, за укажаните сугестии кои ми помогнаа во оформувањето и дополнувањето на практикумот.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Engineering and Technology > Chemical engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Kiro Mojsov
Date Deposited: 17 Sep 2015 12:50
Last Modified: 17 Sep 2015 12:50
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13821

Actions (login required)

View Item View Item