Балканските војни- Сто години потоа: Користење на Историјата во функција на политичката мобилизација на Балканот

Stojanovski, Strasko and Ananiev, Jovan (2015) Балканските војни- Сто години потоа: Користење на Историјата во функција на политичката мобилизација на Балканот. In: Меѓународна научна конференција Балканот: Луѓе, војни и мир по повод 100-годишнината од Балканските војни (65 години ИНИ), Институт за национална историја – Скопје, Македонија.

[img]
Preview
Text
balkanski vojni-INI (1)3.pdf

Download (377Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
zbornik I.pdf

Download (388Kb) | Preview

Abstract

Појавата на нациите и национализмите во Османлиската империја, особено во нејзиниот европски дел, се врзува за развојот на стереотипите кои ги развивал останатиот дел од светот во однос на балканските жители, но и перцепцијата за себе која ја развивале народите во овие региони. Наметнувањето на негативните стереотипи за регионот ќе биде поткрепено со Балканските војни, кои го одбележаа подеднакво како почетокот, така и крајот на 20-от век. Проекцијата на Балканските војни (1912-13) денес во различните Балкански држави зависи од историската дискурзивна форма на интерпретација детерминирана од перцепцијата на различните национални историографии. Преку антрополошка анализа на балканската документаристика на различните нации- држави за нивната улога во Балканските војни, се прави обид да се согледаат различните перцепции за истите. Притоа интердисциплинарниот приод вклучува синтеза на основните теоретски знаења поврзани со политичките теории (аспекти на политичка мобилизација) и теориите за национализмот, со денес познатата фактографија за Балканските војни и селективното претставување низ националните документаристички проекти во Турција, Бугарија, Македонија и Србија. Во продолжение ќе се задржиме на неколку аспекти на различно гледање и интерпретацијата на Балканските војни. Клучни зборови: Балкански војни, Македонија, Балкански сојуз, историски мит, колективен идентитет, документаристика

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > History and archaeology
Social Sciences > Political Science
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Strasko Stojanovski
Date Deposited: 17 Sep 2015 09:33
Last Modified: 17 Sep 2015 09:33
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13814

Actions (login required)

View Item View Item