Предности и слабости во конституирањето на Европскиот Јавен Обвинител

Kosevaliska, Olga (2011) Предности и слабости во конституирањето на Европскиот Јавен Обвинител. Стручно списание Правник, 1 (233). pp. 8-13. ISSN 1409-5238

[img] Text
EJO - prednosti i slabosti.pdf

Download (331Kb)

Abstract

Транснационалниот организираниот криминал е една од најсериозните закани за правниот поредок и за безбедноста на граѓаните на Европската Унија. Со стапувањето во сила на Лисабонскиот Договор се засилија мерките што Европската Унија ги превзема во областа на слободата, безбедноста и правдата. Реакцијата на земјите членки ќе биде најреален индикатор за тоа колку се тие расположени да ја делегираат својата моќ во полето на кривичната правда на ниво на самата Унија.¬ Во тој контекст, едно од најактуелните прашања кои што денес циркулираат низ Европската Унија е прашањето за Европскиот Јавен Обвинител и предностите и слабостите кои што тој ги носи со себе. Дел од неговите предности се избегнувањето на компликуваната постапка за екстрадиција и воспоставување на непосредна соработка на ЕЈО со националните органи на јавното обвинителство. Дел од неговите слабости се: конфликтот на позитивна јурисдикција, непрецизност во почитување на правата на обвинетиот како и непрецизен почеток на важење на начела на кривичната постапка, неговата фрагментирана надлежност, силната централизираност и сл. Strength and weaknesses in the constitution of the European Public prosecutor Abstract: Transnational organized crime is the one of the most dangerous treats for the law order and the security of the citizens in the European Union. After the Lisbon Treaty entered in force, the measures that European Union has taken in the area of Freedom, Security and Justice became stronger. The response of the Member States will be an indicator that will show how much the states are willing to delegate powers in the area of criminal justice to the Union. In this context, one of the ongoing topics in the Union today is the issue of the European Public Prosecutor and his advantages and disadvantages. Part of his advantages are avoiding complicate procedure of extradition procedure, establishing a direct cooperation between EPP, national authorities and national Public Prosecutions. Some of its weaknesses are: the conflict of positive jurisdiction, imprecision for the rights of the accused and inaccurate start of the principles of criminal procedure, its fragmented authority, strong centralization, etc.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Olga Gurkova
Date Deposited: 20 Nov 2012 07:22
Last Modified: 25 Jun 2015 11:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1377

Actions (login required)

View Item View Item