Правно дефинирање на кругот на одговорноста како основа за ефективно работење на органите на државната администрација

Denkova, Jadranka (2010) Правно дефинирање на кругот на одговорноста како основа за ефективно работење на органите на државната администрација. PhD thesis, SEEU, Tetovo.

[img]
Preview
Text
Јадранка -doktorska.pdf

Download (1620Kb) | Preview

Abstract

Основата на ова истражување е да ја согледа улогата и поставеноста на др-жавната администрација во Република Македонија, како значаен сегмент за ефе-ктивно и ефикасно функционирање на државната управа, односно преку осознавањето на правното заокружување на институтот,одговорност,, на државната администрација ќе дојдеме до сознанието за оствареноста на претпоставките за нејзина ефективност и ефикасност. Во таа смисла, се наметнува потребата од прецизно определување на појавата во рамките на која е идентификуван проблемот и, конкретно, самиот предмет на овој труд. Евидентно од насловот, појавата што иницијално го привлекува вниманието е работењето на органите на државната администрација, нивната ефективност и ефикасност, односно, со други зборови, вкупниот пристап на државната администрација во остварувањето на нејзината мисија. Секако, разработката на целиот тој комплекс прашања што го имплицира појавата што е во основата на мојот приод, е далеку над претензиите и капацитетот на овој труд и може да биде само плод на мулти-дисциплинарни обединети аналитички и научноистражувачки напори на експерти од повеќе профили. Проблемот што дополнитено го стеснува и насочува истражувачкиот интерес, емпириски евидентен и теориски неодминлив, е таканаречениот ,круг на одговорност,односно неговата затвореност како претпоставка за секаква, а во случајов по- себно за административна одговорност. Повеќе е од јасно дека без јасна концепциска дефиниција на тој ,,круг,, и, секако, негово правно санкционирање и организациско- кадровска поткрепеност, поимот ,,одговорност,, би егзистирал само виртуелно, како ритуално повторување на заложбата за одговорна ,,државна администрација,, без ни- каква реална содржина, жестоко извитоперен во својата спротивност: хронична ин- ституционална и лична недоговорност. Од таа причина, на ова место би било соод- ветно да упатам и на различните модалитети на поимот одговорност како што се по- литичка, административна, професионална и лична одговорност. Професионалната, 224 политичката и личната одговорност се ниту дополнителни ниту ексклузивни права. Секое од нив има значење само во релација со другите. На пример, политичката одго- ворност ги спасува и професионализмот од прикриен инструментализам и личната од- говорност од преминување во или во етнички нарцизам или морален догматизам. Професионалната одговорност, за возврат, ги проверува тенденциите на политичарите да дегенерираат во опортунизам или личноста нагло да премине во наивна непрактич- ност. Конечно, личната одговорност помага да се објасни разликата помеѓу политич- ката одговорност и безграничната послушност како и помеѓу професионализмот и на- ивниот техницизам.

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jadranka Denkova
Date Deposited: 27 Aug 2015 07:53
Last Modified: 27 Aug 2015 07:53
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13767

Actions (login required)

View Item View Item