Младите и иднината: Мотиви за избор на образованието и потенцијалните можности за работа

Stojanovski, Strasko and Dzamtoska-Zdravkovska, Suzana (2013) Младите и иднината: Мотиви за избор на образованието и потенцијалните можности за работа. In: International scientific conference: Socio-cultural issues and challenges of contemporaneity, 18-19 Oct 2013, Faculty of Filosophy, State Universety of Tetovo.

[img]
Preview
Text
tetovo 333.pdf

Download (875Kb) | Preview

Abstract

Последните децении во Република Македонија се јавува тенденција на мобилност на младите категории на населението во насока на мигрирање во два правци: Од помалите градови на државата кон главниот град Скопје и миграција надвор од државата. Ова можеби е и главниот проблем кој предизвикува демографска депопулација и нерамномерен регионален развој. Во рамките на спроведеното истражување на Правниот факултет, при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, опфатени се средношколци и студенти од централниот и источниот дел на Р. Македонија (Вклучени се испитаници студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип и испитаници средношколци од средните училишта во Штип и Велес). Анкетите се реализирани со помош на студентите, во рамките на активностите за вежби по предметот Социологија на правото, во пролетта 2013 година. Во анкетата се опфатени околу 300 испитаници. Притоа главните претпоставки од кои се тргнува е дека постои тенденција за мобилност на овие категории, која е детерминирана од карактерот на формалното образование и образовните политики, но и од визиите на младите во однос за тоа каде се гледаат во перспектива. Мотивите подеднакво зависат од матријално- економските потенцијали и регионалните политики, но и од културолошките карактеристики поврзани со глобализацијата и новите потреби и приоритети на иднината. Клучни зборови: демографија, образование, миграции, глобализација, млади.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Media and communications
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Strasko Stojanovski
Date Deposited: 14 Aug 2015 09:39
Last Modified: 14 Aug 2015 09:39
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13684

Actions (login required)

View Item View Item