Обврзниците - долгорочни-должнички финансиски инструменти со посебен осврт на состојбата на пазарот на обврзници во Република Македонија

Vasileva, Mimica (2015) Обврзниците - долгорочни-должнички финансиски инструменти со посебен осврт на состојбата на пазарот на обврзници во Република Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
магистерски труд-финален.pdf

Download (2135Kb) | Preview

Abstract

Обврзниците се должнички хартии од вредност, кои на емитентот му обезбедуваат можност за добивање дополнителни средства, а инвеститорот добива ветување за идни купонски примања и враќање на номиналната вредност на обврзницата на определен датум и по точно утврдените услови, дефинирани во посебен договор. Важен аспект поврзан со обврзниците како инструмент е нивното вреднување. Најрелеванта мера за вреднување на обврзниците е приносот до доспевање.Тој базира на концептот за сегашна вредност на идните готовински приливи. Со цел да се утврди можноста одреден субјект да се задолжува преку издавање обврзници, потребно е да се изврши оценка на кредитниот рејтинг, за што е важно т.н. рангирање на обврзниците. Пазарот на обврзници изобилува со најразлични видови, кои се разликуваат во поглед на издавачот, условите под кои се издаваат и можностите што ги нудат.Такви се: државните обврзници, општинските обврзници, корпоративните обврзници, обврзниците со можност за отповикување, конвертибилните обврзници, хипотекарните, странските, еврообврзниците и други.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 08 Jul 2015 12:09
Last Modified: 08 Jul 2015 12:09
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13557

Actions (login required)

View Item View Item