Зачестеност на факторите на ризик кај новородените деца

Zisovska, Elizabeta (2011) Зачестеност на факторите на ризик кај новородените деца. Vox Medici, 20 (71). pp. 152-154. ISSN 1409-8865

[img]
Preview
Text
VOX MEDICI ZACESTENOST NA FAKTORI NA RIZIK.pdf - Published Version

Download (821Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
LKM.pdf

Download (424Kb) | Preview

Abstract

Многу фактори влијаат врз морбидитетот и морталитетот кај новороденчињата, но досега нема универзален сензитивен и специфичен систем кој ќе го предвиди исходот кај нив. Затоа се препорчува секоја земја да има своја листа на специфични ризик фактори, што во Република Македонија со консензус е направено во 2004 година. Целта на оваа ретроспективна обсервациона студија беше да се промовира Националната листа и да се прикажат најчестите ризик фактори кај новородените на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Материјал и методи: 5000 сукцесивно породени новородени деца, следени од раѓањето до исписот. Резултатите се претставени како проценти на ризични новородени од вкупниот број на опсервирани пациенти. Резултати: 932 деца беа класифицирани како ризични (18,6%). Според водечката дијагноза, најчесто застапени беа: недоносеност под 32 г.н. 25,4%; недоносеност 33-36 г.н. 32,8%; родилна тежина 1500г 11,2%; хипотрофија под 5 перцентили кај 7,9%; родилна асфиксија кај 10,9%; интракранијална хеморагија кај 8,5%; неонатална сепса во 4,8%; конгенитални аномалии кај 2,3%. Во студијата, еден изолиран ризик фактор имаа 41,2% од децата, два асоцирани фактори 31,3%, три 16,3%, а со повеќе од три 5,2% од обсервираната група. Дискусија: во студијата се детектираше голем број на високоризични новороденчиња бидејќи Клиниката е терциерен центар за перинатална здравствена заштита, а високоризичните бремености се испраќаат како “транспорт ин утеро”. За да се обезбедат услови за подобар раст и развој на децата, во иднина се очекуваат повеќе докази во невроразвојната педијатрија, кои ќе го проценат влијанието на секој поединечен фактор врз долгорочниот исход на новороденчињата.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Elizabeta Zisovska
Date Deposited: 07 Jul 2015 12:52
Last Modified: 06 Aug 2015 10:43
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13515

Actions (login required)

View Item View Item