Предиктивни вредности на биохемиски и клинички параметри при родилна асфиксија

Zisovska, Elizabeta and Pehchevska, Nevena (2011) Предиктивни вредности на биохемиски и клинички параметри при родилна асфиксија. Medicus, 16 (61). ISSN 1409 - 6366

[img]
Preview
Text
Medicus16.pdf

Download (7Mb) | Preview
[img]
Preview
Text
Medicus TETOVO 2.pdf

Download (380Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
medicus tetovo.pdf

Download (637Kb) | Preview

Abstract

Дефиницијата за терминот родилна асфиксија е контроверзна, и со консензус е усвоена т аа внесена во Клиничките упатства прифатени од Македонската асоцијација за перинатална медицина за понатамошната стручна комуникација меѓу професионалците од соодветната област. Хипоксијата, било интраутерина, интрапартална или рана постнатална, остава пос ледици врз повеќе органи и органски системи, од кои најтешка е хипоксично - исхемичната енцефалопатија (ХИЕ). Цел : Ц елите на нашата студија беа да се одреди зачестеноста на родилна асфиксија и ХИЕ на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, да се пр езентираат резултатите од проценката на новородените деца преку детерминантите на Апгар скорот, да се презентираат резултатите од гасовите во крвта на папочната артерија, да се одреди зачестеноста на хипоксично - исхемичната енцефалопатија и на крајот да се пресмета степенот на корелација меѓу клиничките параметри на Апгар скорот и биохемиските параметри (рН, базен дефицит, p О 2 , pCO 2 ), со појавата на ХИЕ кај доносени деца со родилна асфиксија. Материјал и методи : В о оваа проспективна кохортна студија испитувани беа доносени новородени деца во тек на шестмесечен период. Влезните критериуми ги исполнија 1745 новородени деца , 95 беа со родилна асфиксија, а 200 здрави деца. Резултатите покажаа дека зачестеноста на родилната асфиксија изнесува 2,7%; со Апга р скор < 7 беа 4,9% од децата, рН < 7,20 во крв од папочната артерија имаа 4,3% од децата, длабок базен дефицит ( BD > 10 mEq/l ) се сретна кај 2,8%, додека комбинација од сите три рани маркери на асфиксија се сретна кај 2,7% од новородените деца. Статистичк и пресметаниот коефициент на корелација меѓу маркерите и појавата на ХИЕ покажа високи вредности за длабокиот базен дефицит и за присуството од трите детерминанти заедно ( - 0,69 и - 0,71 соодветно). Во заклучок може да се наведе потребата од рана идентификац ија на интраутерината, интрапарталната хипоксија и брзата интервенција со адекватна реанимација одма после породувањето, како предуслови за успешен развој на доенчињата и малите деца.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Elizabeta Zisovska
Date Deposited: 08 Jul 2015 08:24
Last Modified: 08 Jul 2015 08:24
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13510

Actions (login required)

View Item View Item