Клиничка фармација и фармакотерапија - скрипта

Arsova-Sarafinovska, Zorica and Balkanov, Trajan and Darkovska-Serafimovska, Marija and Ivanovska, Verica (2015) Клиничка фармација и фармакотерапија - скрипта. ISBN 978-608-244-182-5.

[img]
Preview
Text
Klinicka_Farmacija_i_Farmakoterapija_Skripta_Preview.pdf

Download (1497Kb) | Preview
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/433

Abstract

Скриптата ,,Клиничка фармација и фармакотерапија” е наменета првенствено на студентите на студиската програма - магистер по фармација, кои го слушаат предметот Клиничка фармација и фармакотерапија на Факултетот за медицински науки, на Универзитетот ,,Гоце Делчев” во Штип. Текстот е претставен во согласност со наставниот план и програма по клиничка фармација и фармакотерапија, а подготвен со цел да им помогне на студентите во совладување на предвидениот материјал и да им го направи учењето полесно и поинтересно. Со помош на овој текст студентите ќе се запознаат со поимот и дефиницијата за клиничка фармација, главната цел и нивоата на дејствување на клиничките фармацевти, нивната улога и задачи во современиот интегриран здравствен систем. Оваа скрипта ќе им овозможи на студентите да ги прошират своите знаења за интеракциите на лекови и механизмите на нивно настанување, да ги препознаваат лековите со висок потенцијал за појава на интеракции, како и групите пациенти со зголемен ризик за интеракции на лекови. Посебно внимание е посветено на несаканите реакции на лекови, нивната класификација на тип А и тип Б, најважните фактори на предиспозиција, механизмите за нивно настанување, утврдување и следење, како и со системот за известување за несакани реакции на лековите. Во текстот се повторуваат и утврдуваат и најважните поими од областа на клиничката фармакологија, а се воведува и поимот за клиничка фармакокинетика како примена на фармакокинетиката во широк опсег на клинички случаи. Студентите се запознаваат и со основните принципи на фармакоекономијата и управувањето со лекови. Целта на фармакоекономијата е да се постигне оптимален однос помеѓу цената и ефектите на фармацевтските продукти, притоа земајќи ги предвид етичките вредности на фармацијата кои го ставаат „здравјето на пациентот пред економскиот бенефит“. Фармакоекономските методи се користат да им помогнат на пациентите, болниците, осигурителните компании и на здравствените работници во донесувањето на правилна одлука за тоа кои лекови да бидат избрани за терапија. Посебно поглавје во ова учебно помагало е посветено на интерпретација на лабораториските резултати, неопходно за успешно функционирање на клиничките фармацевти. Исто така, во текстот се претставени и препораки за примена на лекови во специфични популациони групи (деца, стари, новороденчиња...), како и примена на лекови кај болни со пореметена функција на работа на бубрег/црн дроб.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Zorica Arsova Sarafinovska
Date Deposited: 30 Jun 2015 09:31
Last Modified: 30 Jun 2015 09:31
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13472

Actions (login required)

View Item View Item