Клиничка фармација и фармакотерапија - практикум.

Arsova-Sarafinovska, Zorica and Balkanov, Trajan and Darkovska-Serafimovska, Marija and Ivanovska, Verica (2015) Клиничка фармација и фармакотерапија - практикум. ISBN 978-608-244-207-5.

[img]
Preview
Text
Klinicka_Farmacija_i_Farmakoterapija_Praktikum.pdf

Download (1039Kb) | Preview
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/438

Abstract

Овој практикум со наслов „Клиничка фармација и фармакотерапија“ е наменет првенствено за студентите на студиската програма - магистер по фармација, кои го слушаат предметот Клиничка фармација и фармакотерапија на Факултетот за медицински науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Текстот е претставен во согласност со наставниот план и програма по Клиничка фармација и фармакотерапија, а подготвен со цел да им помогне на студентите во совладување на предвидениот материјал и да им го направи учењето полесно и поинтересно. Содржината е поделена на единаесет вежби и претставена првенствено преку примери и прикази на случаи кои ќе овозможат интерактивно усвојување на предвидените тематски содржини. Во текот на вежбите студентите ќе се запознаат со процесот на фармацевтска грижа што вклучува идентификација, решавање и превенција на проблемите поврзани со терапијата со лекови. По успешно совладување на материјалот студентите ќе можат да направат проценка на потребите на пациентот поврзани со употребата на лекови, подготовка на план за лекување на пациентот според направената проценка и евалуација дали се постигнати очекуваните цели од лекувањето на пациентот. Во текот на практичната настава, посебно внимание ќе се посвети на користење на релевантни извори на информации за фармакотерапија, а ќе биде претставена и информативната датабаза за фармакотерапија, MICROMEDEX® 2.0. Овој практикум ќе им овозможи на студентите да ги прошират своите знаења за интеракциите на лекови и механизмите на нивно настанување, да ги препознаваат лековите со висок потенцијал за појава на интеракции, како и групите пациенти со зголемен ризик за интеракции на лекови. Во текстот се повторуваат и се утврдуваат и најважните поими од областа на клиничката фармакологија. Посебно поглавје во ова учебно помагало е посветено на интерпретацијата на лабораториските резултати, неопходна за успешно функционирање на клиничките фармацевти. Исто така, во текстот се претставени и препораки за примена на лекови во специфични популациони групи (деца, стари и новороденчиња), како и примена на лекови кај болни со нарушена функција на работа на бубрег/црн дроб.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Zorica Arsova Sarafinovska
Date Deposited: 30 Jun 2015 08:51
Last Modified: 30 Jun 2015 08:51
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13471

Actions (login required)

View Item View Item