„Глистон патува во земјата“ Аудио книга за деца

Barbareev, Kiril and Boev, Blazo (2012) „Глистон патува во земјата“ Аудио книга за деца. [Audio]

[img] Video
Audio kniga Gliston patuva vo zemjata.mpg

Download (274Mb)

Abstract

„Глистон патува во земјата“ Автор: Драган Миловановиќ Превод: Доц. д-р Кирил Барбареев, проф. д-р Блажо Боев Промотори: проф. д-р Лена Алабашовска-Дамовска и проф. д-р Ферид Мухиќ Модератор: Марија Манева Промоција: 21.12. 2012 Професорот Мухиќ зборуваше за она што може да се научи од книгата на лесен начин, соодветно приспособен на спознајните можности и капацитети на децата на претшколска и раноучилишна возраст. Освен тоа, тој го пофали сензибилтетот со кој книгата го доловува и опишува овој чудесен свет на начин достапен за децата. Оваа книгата ќе има за цел да ги поттикне и промовира позитивните човечки вредности, како љубопитноста, истражувачкиот дух, желбата да се учи и проучува, кои се стекнуваат уште од најмала возраст. Проф. д-р Лена Алабашовска-Дамовска истакна дека станува збор за оригинално дело, напишано на креативен начин, со лесен и разбирлив јазик. Исто така, ја акцентираше академската вредност на оваа публикација заради интерактивните можности за стекнување на знаење и вклучување на детските креативни потенцијали. Таа оценува дека оваа книга има одлични дидактичко-методски предиспозиции и можности да се интегрира во методското планирање на наставата на најразлични начини

Item Type: Audio
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Kiril Barbareev
Date Deposited: 29 Jun 2015 09:01
Last Modified: 29 Jun 2015 09:01
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13462

Actions (login required)

View Item View Item