Ризик фактори и интензитет на дентални ерозии на трајни инцизиви и први перманентни молари

Denkova, Natasa and Iljovska, Snezana (2015) Ризик фактори и интензитет на дентални ерозии на трајни инцизиви и први перманентни молари. Македонско медицинско електронско списание, 2015.

[img]
Preview
Text
MMES.pdf

Download (310Kb) | Preview
Official URL: http://www.id-press.eu/mmej/article/view/333

Abstract

Извадок ЦЕЛ: Целта на на нашата пилот студија беше да се утврди преваленцата на забните ерозии, како и влијанието пијалоците врз степенот на оштетувањето на перманентните заби. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ: Како матерјал вклучивме 105 испитаника со позитивни знаци за постоење дентални ерозии, на возраст од 10 до 60 и над 60 години, кај кои ги нотиравме степенот на ерозиите и навики за консумирање пијалоци. РЕЗУЛТАТИ: Степенот на ерозијата на првите трајни инцизиви кај испитаниците на возраст од 10-29 год. беа со површински губиток на емајлот и со возраста на пациентите поприсутна беше ерозијата каде освен губиток на емајлот имаше и присуство на експониран дентин. Испитувањата на ПТМ, според длабочината и возраста на испитаниците, укажа на постоење различни клинички слики, но со емајл во нормални граници немаше ниту еден испитаник. Резултатите говорат дека најголемиот дел од испитаниците газирани пијалоци консумирале 3-5 пати на ден Постоеше позитивна корелација помеѓу консумирањето на газирани пијалоци и овошни сокови и помеѓу вкупниот примерок на испитаници со дентални ерозии и сите возрасни групи на испитаници (р < 0.05) и помеѓу половите (р < 0.00). ЗАКЛУЧОК: Потребно да се направи студија со истражување на највлијателните етиолошки фактори кои би потпомогнале во подготвување превентивни стратегии.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 19 Jun 2015 07:33
Last Modified: 19 Jun 2015 07:33
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13361

Actions (login required)

View Item View Item