Предизвици на современиот банкарски маркетинг -интегрирани маркетинг комуникации: случајот на Република Македонија

Fotova Cikovikj, Katerina and Jovanov, Tamara and Fotov, Risto (2015) Предизвици на современиот банкарски маркетинг -интегрирани маркетинг комуникации: случајот на Република Македонија. Македонско меѓународно списание за маркетинг, 1 (1). pp. 64-69. ISSN 1857-9795

[img]
Preview
Text (published paper)
ПРЕДИЗИВИЦИ НА СОВРЕМЕНИОТ БАНКАРСКИ МАРКЕТИНГ.pdf - Published Version

Download (363Kb) | Preview
[img]
Preview
Text (Editorial board and Contents )
МАКЕДОНСКО МЕЃУНАРОДНО СПИСАНИЕ МАРКЕТИНГ БРОЈ 1.pdf - Published Version

Download (3829Kb) | Preview

Abstract

Како еден од основните инструменти на маркетингот, промоцијата опфаќа од една страна, информирање и убедување на потрошувачите, а од друга вкупниот систем и процес на комуницирање меѓу компаниите и потрошувачите кој треба да се сфати како настојување, или преземање на одделни активности, чија цел е пред се да се создаде поволно мислење за производите (услугите) за да тие се прифатат од потрошувачите. Често пати, како што е случајот во Р. Македонија, комуникациските маркетинг напори на компанијата не се добро интегрирани едни со други или со другите елементи на нејзиниот маркетинг и/или промотивен микс. Во рамките на дадена маркетинг кампања, премногу компании користат пристап на „еден обид“ за да предизвикаат купување. Одделните инструменти на маркетинг комуникациите можат да се интегрираат во определен систем кој се нарекува интегрирани маркетинг комуникации (ИМК), кој вклучува користење на кампањи со повеќе средства, и во повеќе фази за подобрување на реакцијата, како на пример, едновремено користење на: платен оглас со механизам на одговор, директно јавување по пошта, маркетинг по пат на користење на телефон, лична продажба и континуирано комуницирање. Банкарскиот сектор во Р. Македонија, во последните неколку години покажа значителен напредок во процесот на комуникација со своите потрошувачи и се истакна како позитивен пример во споредба со бројните останати индустриски гранки. Овој труд ги анализира практиките на дел од македонските банки во процесот на комуникација со потрошувачите, од аспект на промотивниот микс кој го корстат за воспоставување на долгорочни односи со потрошувачите. Основната цел на трудот е преку приказ на практиките во маркетинг активностите во банкарскиот сектор, да се поттикнат на размислување и останатите компании за употреба на слични активности, преку следење на најдобрите практики. Клучни зборови: интегрирани маркетинг комуникации, банкарски сектор, најдобри практики, банкарски маркетинг

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Tamara Jovanov
Date Deposited: 19 Jun 2015 09:38
Last Modified: 14 Aug 2018 09:01
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13327

Actions (login required)

View Item View Item