Македонијо, те сакаме во сите твои бои

Kukubajska, Marija Emilija (2003) Македонијо, те сакаме во сите твои бои. In: Македонски јазик - Шесто одделение. Просветно дело, АД, Скопје.

[thumbnail of Uchebnik po makedonski jazik.PDF]
Preview
Text
Uchebnik po makedonski jazik.PDF - Published Version

Download (2MB) | Preview
[thumbnail of Песна - МАКЕДОНИЈО ТЕ САКАМЕ ВО СИТЕ ТВОИ БОИ.pdf]
Preview
Text
Песна - МАКЕДОНИЈО ТЕ САКАМЕ ВО СИТЕ ТВОИ БОИ.pdf

Download (110kB) | Preview

Abstract

Песната „Македонијо, те сакаме во сите твои бои“, е објавена во учебникот „Македонски јазик за шесто одделение“ од авторот Томе Богдановски (Богданоски, 2003). Наставниот материјал во овој учебник е предвиден за предмет кој се изучува во училиштата во Република Македонија.
Со оглед на издавање на оваа песна во национален учебник, песната го потврдува своето националното значење и во образовниот процес, покрај нејзината вклученост во платформи од културата и медиумите (Македонска телевизија - утринска програма, македонско радио, Нова Македонија, списание на иселениците „Македонија“ и книжевни манисфестации).
Учебникот е издаден од Просветно Дело, Скопје, 2003 година.
Песната е носител на централната тема за љубов кон татковината Македонија и македонскиот народ. Убавината и значењето на Македонија се претставени низ поетски метафори кои ги симболизираат 1. промените на сезонските времиња во пејсажите на земјата и 2. промените низ историските процеси на трагедии и триумфи во опстојувањето на македонскиот народ.
.
Песната ја афирмира таа љубов и почит низ примери за духовен и морален интегритет. Песната инспирирра на почит кон жртвите за татковината и ја ангажира свеста за зачувување на македонскиот индентитет преку трајни вредности на македонскиот народ, земја, татковината, фамилија, традиција, фолклор и факти.
Возвишените национални чувства дифузирани преку многузначната содржина и тема и обебедуваат на оваа песна примарно место во учебникот изучуван во Република Македонија со тоа што таа е објавена како воведен наставен пример за дидактично-уметничка содржина на учебникот. Насловот на песната „Македонијо, те сакаме во сите твои бои“, е употребен и за наслов на првото поглавје во учебникот. Содржината на песната е дел од интегралната верзија на песната, напишана 1999 година. Песната во учебникот се обработува и со додатен материјал за анализа: зборови и изрази од стандардниот современ македонски јазик, и од фондот на архаизми и народни благослови. Песната ги инспирира наставниците и ги ангажира учениците на креативно размислување и развивање на критичкото мислење на учениците во однос на интелектуалната сопственост и на културниот идентитет, трајноста на моралните доблести и духовните и физички, историски и географски вредности, на кои им се контрастира антитезата за анти-вредностите меѓу деструктивните ентитети.

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > History and archaeology
Humanities > Languages and literature
Humanities > Other humanities
Humanities > Philosophy, ethics and religion
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Kukubajska
Date Deposited: 16 Jun 2015 11:11
Last Modified: 04 Aug 2015 13:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13312

Actions (login required)

View Item View Item