Букварчето на Емилина

Kukubajska, Marija Emilija (2015) Букварчето на Емилина. Емари институт, 2015, Штип, Република Македонија. ISBN 978-608-4726-15-9

[img]
Preview
Text (Книгата е дидактичко-уметничка литература, прва од таков вид во македонската историја на литература за деца од претшколска возраст. Букварот за најрана детска писменост е од национално значење, врз основа на академски, наставно-научни и стручни мислења. )
Bukvarceto na Emilina.pdf - Published Version

Download (4Mb) | Preview

Abstract

Денешната изложеност на детето на кибернетски, роботички медиуми за игра и учење ги има издигнато неговите способности, можности и познавања на ниво кое не може да се спореди со ниедно во историјата на детската култура на однесување со азбуката. Тие развојни разлики веќе нудат реална основа за прифаќање на овој процес: почеток на изучување на азбуката во рана возраст и преку посложено интегрирање на методите: 1. Визуелна идентификација и 2. Вербална, звучна артикулација. Овој процес максимално го поедноставив, имајќи за цел да го мотивирам детето на заинтересираност и ангажираност кон квалитетни резултати.Во оваа мала книга за големиот детски потфат: најрано описменување, се обидов да го претставам преку имагинативна игра оформувањето на знаците со букви. При тоа, умствената игра ќе им го олеснува и обезбедува на нашите најмлади ученици на македонската писменост тоа најголемо прво креативно чудо, пишувањето, кое ќе има трајна и незаменлива животна употреба. Преку играта со сериозните инструменти, буквите, со кои ќе ја програмираат азбуката, децата ќе се подготвуваат и пред време да го издигнат својот капацитет на спознавање за со тие напреднати способности да ги следат идните програми во образовниот систем. Круговите и линиите, како сонцето и зраците, се основните форми вградени во македонската кирилична азбука. Различната должина и позиција на додатни линии и полукругови ги дооформуваат буквите во азбуката. Како што е употребата на разни позиции на знаците во создавањето на првите букви, така и местото и улогата на родителите и учителите во описменување на детето се исклучително значајни во првото и најоригинално детско доживување: пишувањето.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Humanities > Languages and literature
Humanities > Other humanities
Social Sciences > Psychology
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Kukubajska
Date Deposited: 18 Jun 2015 09:10
Last Modified: 18 Jun 2015 09:10
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13278

Actions (login required)

View Item View Item