Антологија на античко-македонска поезија, Приредила и превела: д-р Марија Емилија Кукубајска

Kukubajska, Marija Emilija (2015) Антологија на античко-македонска поезија, Приредила и превела: д-р Марија Емилија Кукубајска. Емари институт, Штип. ISBN 978-608-4726-14-2

[img]
Preview
Text
Poezija antologija.pdf

Download (5Mb) | Preview

Abstract

Светската историја на култури, цивилизации и литератури чува огромен број податоци кои се идентификуваат во одбрана на македонскиот етнички идентитет и име. Тие податоци стануваат посебно валидни сега, кога т.н. надисториски агенди на мултикултурализам промовираат ослободување од монополот на една држава и народ врз друг, при што неминовно се актуализира и контрадикторниот и хипокритичен случај на грчката антиетничка, антиетичка, антимакедонска пропаганда. Феноменалниот фонд на постоечки научни, културни, историски и уметнички факти за посебноста на македонскиот негрчки идентитет може да се разгледува и преку новиот лексикон и пракса - агенси за промени. Агенсите за промени во јазикот и акциите на новото време имаат улога да активираат коригирање на неправдата. Улогата на овој процес се промовира во последните неколку децении и притоа правото на таквите промени конструира и пропишува слободи за градење на едно претпоставено непристрасно, објективно ново светско толкување на наследството, менаџирање на сегашноста и проекција на иднината. Дел од тоа светско културно наследство, секако, го имаат зачувано и античко-македонските поети кои се издвоени за оваа Антологија, посебно поради фактот што тие македонски автори на своето творештво се потпишале, се идентификувале дека се носители на правото да ги препознаваме и толкуваме такви какви што се: македонски, негрчки поети со етнонимот „Македонецот“ (пр: Филип Македонецот, Адеј Македонецот) или референцата со името на својата татковина (Антифан од Македонија, Парменион од Македонија). Други поети го потенцирале градот, топонимот од каде што потекнувале: Македониј од Тесалоника, Антипатер од Тесалоника, Исидор од Егеј, Зоил од Амфипол и други. Во македонскиот превод се вклучени и песни напишани од други македонски поети или од автори припадници на други народи во кои се опеани делови од Македонија (градови, области, планини). Поради нивниот предмет на опишување на етничка и географска Македонија, која во тој период од историјата, сè до 1913 година, не била окупирана и етнички чистена од Грција, и тие автори се опфатени во македонската антологијата. Своето македонство поетите го декларирале во историски периоди кога грчки, римски, еврејски и други водечки историографи и библиографи ги запишувале своите оригинални наоди за посебноста на македонскиот народ и неговите докажани, целосни разлики од хеленските племиња. Во одбрана на овие тврдења, преведувањето и издавањето на Антологијата на античко-македонски поети на македонски јазик ги вклучува и таквите автентични историски податоци кои многу јасно и непобитно ги опишуваат разликите меѓу македонскиот и грчкиот етнички, а според тоа и културен и јазичен идентитет. Изборот од 11 античко-македонски поети преведени на стандардизиран современ македонски јазик содржи самопотврдувачки факт за идентитетот на поетите како македонски, а тоа претставува и доказ дека македонското античко книжевно наследство било спакувано под туѓо име, како грчка поезија, објавено во „Грчката антологија“ / “The Greek Anthology” (Patton,1920), од која се препознаени и издвоени по својот самоопределен идентитет, македонски, или од Македонија. Антологијата на античко-македонска поезија претставува наследство од минатото на македонската духовна култура кое било затворено во намерно погрешно спакувана обвивка со назив „грчки поети“. Денешните светски тенденции за промени на светската заедница, а со тоа и на нас во Македонија, ни ја даваат непристрасната слобода да го ослободиме тоа наследство од плагијатот „грчки поети“, за научно-стручната јавност да има можност да го доистражува, дообјаснува и издвојува идентитетот на овие книжевно-историски факти од она што е фалсификат или фикција. За научната потврда на идентитетот на овие македонски поети, македонската култура и литература имаат право да ја користат универзалната и исконска, а едновремено и современа можност за рамноправно да го вклучат во светските текови и сопствениот, фактички агенс за промени. Агенсот за промени не е ништо новоизмислено од постмодернизмот и глобализмот, туку значи нова употреба на старото право да се промени една неодржлива состојба во друга, оправдана и одржлива. Тоа се сведува на правото на македонските автори на песните себеси да се претставуваат одново во сопствените, оригинални македонски имиња, да ја променат промената извршена над нивниот идентитет и да го вратат сопствениот идентитет во оригиналната суштина, според која се потпишувале како македонски поети во текот на нивниот живот и творештво кое се одвивало од IV век пред Христа до првите четири века од новата ера. Тоа е истата таа рамноправност во вршење на промени и поправки на одредени историски грешки кои биле насилно извршувани низ историјата на народите. Таа иста рамноправност ја вокализираат и локализираат и Македонците од Македонија да идентификуваат и да ги наречат своите поети македонски.

Item Type: Book
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Humanities > History and archaeology
Humanities > Languages and literature
Humanities > Other humanities
Humanities > Philosophy, ethics and religion
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Kukubajska
Date Deposited: 16 Jun 2015 11:13
Last Modified: 16 Jun 2015 11:13
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13266

Actions (login required)

View Item View Item