„Пластични деформации на флексибилните коловозни конструкции на површини со посебен режим на сообраќај во Град Скопје“

Kcev, Blagoj (2014) „Пластични деформации на флексибилните коловозни конструкции на површини со посебен режим на сообраќај во Град Скопје“. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Благој Кчев,  МАГИСТЕРСКА работа.pdf]
Preview
Text
Благој Кчев, МАГИСТЕРСКА работа.pdf

Download (11MB) | Preview

Abstract

Со зголемување на сообраќајот и сообраќајното оптоварување се појавуваат услови за оштетување на коловозната конструкција на сообраќајниците, а особено кај сообраќајниците со посебен режим на сообраќај. Промената на климатските услови (лето со високи температури и зима со многу ниски температури), исто така се битен фактор врз трајноста на употребливоста на коловозната конструкција. Оштетената коловозната конструкција предизвикува зголемување на експлоатационите трошоци, намалување на комфорот при патување и го зголемува ризикот од сообраќајни несреќи.
Во оваа магистерска работа, најпрво е продискутирано за односот, оштетен коловоз – зголемување на експлоатационите трошоци и констатирано е дека квалитетот на коловозната конструкција е од големо значење за намалување на овие трошоци.
Потоа, подетално се разгледани причините кои доведуваат до оштетување на коловозната конструкција, како и карактеристиките на материјалите што се вградуваат во коловозната конструкција. Направена е детална анализа на влијанието на: рецептурата, времето на вградување, временскиот период од денот на вградување, зголеменото сообраќајно оптоварување на коловозните конструкции.
По константираните деформации и оштетувања на крстосницата „Момин Поток“, во 2008 година проектирана и извршена е рехабилитација и се извршени нулти мерења. По изминатиот експлоатационен период од 6 години во 2014 година се извршени повторни мерења на рамноста и е извршена компарација на двете состојби – мерења, а се презентирани и резултатите (нумерички и графички).
На крајот, во рамките на оваа магистерска работа во прилог се дадени фотографии на оштетувања на коловозите од разгледуваната крстосница, од чии фотографии се гледа моменталната состојба на крстосницата во однос на оштетувањето на коловозната површина и сообраќајното оптоварување на истата.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 10 Jun 2015 12:12
Last Modified: 10 Jun 2015 12:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13257

Actions (login required)

View Item View Item