Одбраната и заштита кај доцноантичките утврдувања во долината на река Брегалница

Nacev, Trajce and Veselinov, Dragan (2014) Одбраната и заштита кај доцноантичките утврдувања во долината на река Брегалница. Зборник на трудови од денови на Јустинијан I, Скопје 2014. ISSN 978-608-4714-10-1

[img]
Preview
Text
Tekst..pdf

Download (315Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Sodrzina Days of Justinian I.pdf

Download (137Kb) | Preview

Abstract

Населените места во доцноантичкиот период доживуваат одреден степен на развој располагајќи со сопствени материјални и духовни вредности. Сето тоа претставувало и понтенцијален ризик за изложеност на населението во нив од непријателски напади се со цел како би ги освоиле и се стекнале со поголем плен и богатство. За одбрана и заштита од таквите напади и секојдневна сигурност на населението и материјалните добра се превземале мерки и активности. Основата на сето ова ја претставувала фортификацијата односно утврдувањето на населените места со што се овозможувала соодветна одбрана и заштита. Првите фортификации во долината на Брегалница се појавуваат во енеолитот, нивниот развој продолжува во бронзеното, железното време и раната антика кога покрај одбраната присутна е и заштитат. Во време на раниот римски период населбите се подигаат во низините но кај поголемите населби повторно се појавуваат фортификациите. Развојот на одбраната и заштитата особено кулминира во доцната антика, каде утврдувања земаат се поголем замав пред се поради дефанзивниот систем на одбрана и заштита. Ваквиот начин на организирање бил присутен и во населените места по долината на река Брегалница во доцноантичкиот период каде одбраната и заштитата функционирала како систем за одговор од непријателските напади.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Nacev
Date Deposited: 02 Jun 2015 14:17
Last Modified: 02 Jun 2015 14:17
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13241

Actions (login required)

View Item View Item