Извештај за финансиска состојба - подготовка и анализа

Dineva, Ivana (2015) Извештај за финансиска состојба - подготовка и анализа. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Izveshtaj za finansiska sostojba - podgotovka i analiza.pdf

Download (513Kb) | Preview

Abstract

Остварувањето на основните финансиски функции во една компанија, како што се алокација на средствата за одделни намени, остварување на оптимална комбинација на изворите за финансирање на одделните активности и остварување на ефикасна распределба на финансискиот резултат во согласност со поставените цели на работењето, се базираат врз податоците од нејзините финансиски извештаи. Финансиските извештаи на една компанија можат да бидат многу сложени, факт кој дополнително го истакнува значењето на финансиската анализа, преку која сложените податоци од финансиските извештаи се сведуваат на разбирливи показатели за нивните корисници – стејкхолдери. Извештајот за финансиска состојба претставува дел од задолжителниот сет на финансиски извештаи кои се изготвуваат од страна на секој деловен субјект, на крајот на секој пресметковен период. Значењето на овој финансиски извештај е големо во ефикасното менаџирање со компаниите. Целта на овој магистерски труд е да се објасни изготвувањето и значењето на извештајот за финансиска состојба, како дел од сетот на финансиски извештаи кои ги изготвуваат деловните субјекти, преку обработка на поимот, формите во кои се составува, содржината и рацио анализата (обработка на финансиските показатели кои се пресметуваат со користење на билансните позиции од овој извештај). Темата е разработена теоретски и практично преку илустрација на практичен пример на составување и анализа на конкретен извештај за финансиска состојба. Клучни зборови: финансиски извештаи, извештај за финансиска состојба, средства, обврски, капитал, показатели.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 28 May 2015 08:00
Last Modified: 28 May 2015 08:00
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13215

Actions (login required)

View Item View Item