Процена на рабното затварање на амалгамски и композитни реставрации - ретроспективна студија

Denkova, Natasa and Ago, German and Aleksovski, David (2015) Процена на рабното затварање на амалгамски и композитни реставрации - ретроспективна студија. In: 22nd International Dental Student’s Scientific Congress, 22-24 May 2015, Ohrid, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Poster 2015.pdf

Download (6Mb) | Preview
[img]
Preview
Text
ABS2015.pdf

Download (17Mb) | Preview

Abstract

Цел: Целта на студијата ни беше да се направи процена на маргиналната адаптација на композитните и амалгамски реставрации кај студентите на стоматологија и нивните пациенти на клиничките вежби. Материјал и метод: Испитувањето го реализиравме на 80 испитаници од двата пола, На клиничките вежби по кариологија на студентите од четврта година, на Студиската програма по стоматологија, при Факултетот за медицински науки, како и на нивните пациенти, преку преглед, инспекција, и сондирање ги анализиравме рабното затварање и маргиналната адаптација на амалгамските реставрации и композитните полнења. Исто така беше подготвен и анкетен прашалник за да се процени мислењето на испитаниците. Добиените податоци статистички беа анализирани. Резултати: Резултатите покажаа различни вредности на рабна адаптација кај композитните реставрации споредено со амалгамските полнења. Заклучок: Рабното затварање на реставративните материјали се во тесна врска со нивните хемиски и физички карактеристики. При тоа не треба да се занемарат факторите оралната хигиена, конзумирањето на различни видови нахрана, начинот на четкање на забите, трауматската оклузија, и многу други. Сите овие етиолошки моменти поретко самостојно но најчесто заеднички допринесуваат за појава на несоодветно рабно затварање на полнењата и потреба за нивна соодветна промена. Клучни зборови: дентален амалгам, композитни смоли, реставрации, инспекција, маргинален гап.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 26 May 2015 09:48
Last Modified: 26 May 2015 09:48
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13196

Actions (login required)

View Item View Item