Индиректни композитни фасети

Zarkova, Julija and Miteva, Marija and Gavrilov, Aleksandar (2015) Индиректни композитни фасети. In: 22ри Меѓународен научен студентски конгрес, 22-24 May 2015, Ohrid, Macedonia.

[img] Text
Индиректни композитни фасетки.docx

Download (16Kb)
[img]
Preview
Text
ABS2015.pdf

Download (17Mb) | Preview
[img] Slideshow
prepraven.pptx

Download (2219Kb)

Abstract

Вовед: Фасетите преставуваат високо естетски реставрации кои како тенок слој од композит или керамика се поставуваат на површините на забите за да ја подобрат формата, големината и/или бојата на забот, и бараат минимална препарација на забот или пак се изработуваат на потполно интактни заби. Цел: Да прикажеме метод за изработка на фасети на индиректен начин со употреба на специјален заботехнички композит. Материјал и метод: За постигнување на целта беа евалуирани два пациенти кои бараа корекции на насмевката. По завршениот клинички преглед и земањето на анатомски отпечатоци излеавме студио модели, за да направиме дијагностичко навосочување и анализа на ситуацијата. Кај првиот пациент, 47 годишна жена заклучивме дека е потребно изработка на фасетки без препарација поради присуството на повеќекратни дијастеми во интерканиниот сектор. Kaj вториот пациент 34 годишна жена, најправо саниравме кариес четврта класа на горниот лев централен инцизив, а потоа со оглед отсуството на простор беше направена минимална препарација на инцизивите и канините но без стапалка. По земањето на дефинитивниот отпечаток излеавме работни модели и на нив изработивме 12 композитни фасети со микрополнет композит со двоен начин на полимеризација светлосна и термичка, Adoro ® (Ivoclar Vivadent). Заклучок: Изработката на индиректни композитни фасети со ваков тип на композит се покажа како соодветен метод, поради економичноста, лесното цементирање, добрите физички карактеристики на материјалот, заштедата на забна супстанца и лесната изработка.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Julija Zarkova Atanasova
Date Deposited: 26 May 2015 09:46
Last Modified: 26 May 2015 09:46
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13195

Actions (login required)

View Item View Item