Дизајн на мобилна интерактивна апликација за едукација на деца од предучилишна возраст

Stojanova, Ivana (2015) Дизајн на мобилна интерактивна апликација за едукација на деца од предучилишна возраст. Masters thesis, Goce Delcev University - Stip.

[img]
Preview
Text
IvanaStojanova-magisterskai.pdf

Download (2938Kb) | Preview

Abstract

Денес, уредите како мобилните телефони, PDA- уредите и таблетите, се целосно интегрирани во нашиот живот. Децата се изложени на многу рана возраст на овие нови технологии кои влијаат на начинот на кој тие учат. Учењето преку играње игри, предизвикува најголем интерес кај децата, особено кај децата од предучилишна возраст. Истражувањата покажуваат дека учењето преку игра има позитивен ефект врз квалитетот на учењето. Но, постојат некои специфики кои мора да се земат во предвид при дизајнирање на едукативни игри за децата од предучилишна возраст. Магистерскиот труд е работен во насока на изработка на мобилна едукативна и интерактивна апликација, која ќе се користи за едукација на деца од предучилишна возраст. Оваа апликација е составена од два модули и направена за андроид оперативниот систем, со користење на OpenGL ES 1.0 верзијата којашто ја поддржуваат сите Андроид-уреди. Во рамките на магистерскиот труд, дефиниран е поимот учење, опишани се теориите на учење, како и архитектурата на Андроид- апликацијата, нејзините основни компоненти и сите нејзини функционалности. По пат на истражување, спроведено кај деца од предучилишна возраст каде се користи претходно споменатата апликација, добиени се резултати кои овозможија да се добие слика за ваквиот тип на учење.Преку добиените резултати од експерименталните мерења, се доаѓа до заклучок дека соодветно дизајнираните игри за деца од предучилишна возраст ги мотивираат децата, интересни се, забавни и децата од оваа возрасна група сакаат да го практикуваат ваквиот начин на учење почесто, а покрај тоа имаат и позитивен ефект врз подобрување на меморијата и координирањето на моторните способности. Клучни поими: учење, едукативни игри, андроид апликација

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 18 May 2015 09:02
Last Modified: 18 May 2015 09:02
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13174

Actions (login required)

View Item View Item