Патот до значењето: улогата на дискурсните маркери при декодирање на пораката/ прагматичката функција на дискурсните маркери

Kusevska, Marija (2015) Патот до значењето: улогата на дискурсните маркери при декодирање на пораката/ прагматичката функција на дискурсните маркери. Зборник на трудови од научниот собир под наслов „Значењето низ времето и просторот“, 24. pp. 48-56. ISSN 978-608-220-030-9

[img] Text
Patot do znacenjeto_Jazikot nas denesen.doc

Download (1347Kb)
[img] Text
Patot do znacenjeto.doc

Download (88Kb)

Abstract

Дискурсните маркери заземаат значајно место во прагматиката. Тие придонесуваат за начинот на кој дискурсот се толкува и се вклучени во процесите за декодирање на инференцијата на исказот. Со нив се занимавале голем број лингвисти (Fraser, 1999; Schiffrin 1987; Iten, 2000; Blakemore, 2002; Dedaiќ & Miсkoviќ-Lukoviќ, 2010; Fielder, 2008, 2010, и др.) кои се обиделе да ги класифицираат и да ги толкуваат според различни лингвистички теории. Во ова излагање ќе се задржиме на толкувањето на улогата на дискурсните маркери според Теоријата на релевантноста. Според Блејкмор (Blakemore, 2002), дискурсните маркери немаат концептуално, туку процедурално значење (инферентното значење). Тие се како патокази во процесот на комуникацијата кои го насочуваат соговорникот кон декодирање на имплицитното значење на пораката на говорителот. Процесите на декодирање на инференцијата ќе ги илустрираме преку примери со дискурсните маркери во македонскиот јазик (ама, добро, па, и др.).

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Kusevska
Date Deposited: 05 May 2015 10:51
Last Modified: 05 May 2015 10:51
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13084

Actions (login required)

View Item View Item