Трансформациското лидерство како генератор на успехот на работењето

Jankuloski, Goce (2015) Трансформациското лидерство како генератор на успехот на работењето. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Magisterska- Goce Jankuloski.pdf

Download (1031Kb) | Preview

Abstract

Една компанија е онолку конкурентна колку што е подготвена да одговори бргу и оригинално на промените. Сè повеќе сме сведоци дека компаниите во современото работење се соочуваат со нови предизвици на кои мораат да одговорат на динамичен и инвентивен начин, како и да ги мобилизираат сите расположливи ресурси со цел да ја задржат конкурентската предност, но и да изнајдат начини до максимум да ги мобилизираат креативните потенцијали на секоја единка од нивниот екосистем. Тоа подразбира нов начин на водење и управување на фирмите, при што лидерот ги инспирира своите следбеници да ја следат неговата визија и да ја спроведат потребната промена доброволно, со полн ентузијазам и како дел од тимот кој соработува и е посветен кон заедничката цел. Ваквиот пристап се покажал не само како морален и етички, туку ги подобрува и перформансите на членовите од тимот, нивната мотивација, лојалноста кон фирмата, изградбата на корпоративна култура, чувството за личен идентитет, како и задоволството од работењето. Трансформацискиот лидер е модел за своите следбеници, ги предизвикува да преземат индивидуална иницијатива и одговорност, да ги сфатат своите слабости и предности и постојано да работат на своето усовршување со унапредувањето на работата. Трансформацискиот лидер се одликува со карактеристики како што се: личен интегритет, доверба од следбениците, креативност, тимска ориентација, благодарност кон другите , учење, одговорност, признавање и други. Тој со конкретни лични примери и дела ги менува перцепцијата и очекувањата, а нивниот заразен ентузијазам е дополнителна мотивација за нивните следбеници да направат дополнителен исчекор за комплетирање на задачата. Кај трансормациските лидери успехот не е резултатсамо на харизмата. Иако неретко трансформациските лидери се идеализирани, вистинска мерка за нивната успешност е ефектот што го имаат тие врз своите следбеници. Трансформациското лидерство има огромен потенцијал да развие внатрешен човечки капитал во организациите и тоа далеку над очекувањата. Дополнително, има потенцијал да управува со промените во организациите и кај нивните вработени на начин што ќе обезбеди раст, менаџирање на ризици и минимизирање на негативните ефекти. Има бројни позитивни и успешни примери од примената на трансформациското лидерство и поради тоа деталите за него се обработуваат во трудот во продолжение,

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 21 Apr 2015 11:57
Last Modified: 21 Apr 2015 11:57
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13067

Actions (login required)

View Item View Item