Современи истражни методи на државите членки на ЕУ со осврт на нивната имплементација во македонската легислатива

Ivanova, Elena and Doneva, Nada (2014) Современи истражни методи на државите членки на ЕУ со осврт на нивната имплементација во македонската легислатива. In: Општествените промени во глобалниот свет, 11-13 Sept 2014, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
СОВРЕМЕНИ ИСТРАЖНИ МЕТОДИ НА ДРЖАВИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ .....Elena.pdf

Download (1089Kb) | Preview
Official URL: http://clprmk.org/wp-content/uploads/2014/12/Proce...

Abstract

Во борбата за сузбивање на сериозен криминал, окарактеризиран со прекумерна организираност и прекугранична распространетост, нужно е современите истражни методи да нудат адекватно решение и репресијата да ги надмине границите на една држава. Почнувајќи од вообичаените методи на прекугранични истражни постапки опфатени во класичните конвенции и националните закони за правна помош, како давање на информации и пренесување на изводи од казнена евиденција, сослушувања, издавање на доказен материјал и сл., во трудот се задржуваме на обработка на посовремените, кои резултираат од развитокот на технологијата и науката воопшто, а кои се рефлектираат врз работата на органите на прогон. Ги опфаќаме неоперативните и оперативните современи истражни методи со нивно дефинирање и примери за примена во рамки на Европската Унија. Се осврнуваме на сослушувањата преку видеоконференција, меѓународни групи на истрага (JITs), како и оперативните - контрола на испорака и прекугранично набљудување, опфатени со актите на Европската Унија, донесени главно кон Европската Конвенција за меѓународна помош во кривичната материја помеѓу државите членки. Поаѓајќи од аспирациите на Република Македонија за хармонизација на домашното законодавство со актите на Европската Унија, како и со методите и техниките кои се користат во интернационалната соработка во кривичната материја, трудот ги разработува Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, мултилатерални и билатерални договори за меѓународна правна помош во деловите кои се однесуваат на кривичната постапка, пред сѐ во претходната постапка, која треба да изобилува со современи истражни методи за постигнување на ефикасност во интернационализирањето на битката со криминалот и договорите кои ги има склучено со Европската унија и нејзините институции за флуидна соработка во соодветна област. Сепак, постојаните превирања кои ги има во самата Унија, го условуваат развојот на методите на соработка во кривичната област, кои се повеќе од жива материја, брзо променлива, што е добро за постојана обработка и проучување, како во поглед на ефектите кои ги имаат во рамки на Унијата, така и од аспект на нивна апликативност во македонската легислатива. При истражувањето, ги користиме методот на анализа, методот на синтеза, социолошкиот, компаративниот и case - study методот.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Elena Ivanova
Date Deposited: 07 Apr 2015 09:31
Last Modified: 07 Apr 2015 09:31
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13020

Actions (login required)

View Item View Item