Зајакнување на акузаторните елементи преку новиот концепт на главната расправа во кривичната постапка на РМ

Ivanova, Elena and Kosevaliska, Olga (2015) Зајакнување на акузаторните елементи преку новиот концепт на главната расправа во кривичната постапка на РМ. Годишен зборник на Правен факултет, 3 (3). ISSN 1857-7229

[thumbnail of Годишник на Правен Факултет за 2014 година trud.pdf]
Preview
Text
Годишник на Правен Факултет за 2014 година trud.pdf

Download (750kB) | Preview

Abstract

Кривичната постапка на Република Македонија претрпува значајна, круцијална реформа чие спроведување штотуку почнува. Потребата од детално изучување на сите фази од реформата и нејзините елементи се јавува како нужна за правилна примена на новиот закон и неговото дословно спроведување. Реформата предвидува внесување акузаторни елементи во текот на главната распrава која што е подигната на ниво на централен стадиум на постапувањето. Во новиот концепт на главната расправа се забележува пасивизација на судот како неутрален арбитер за сметка на нагласена активност на страните, засиленoста на дел од фундаменталните начела за текот на главната расправа како што се непосредноста, усноста, јавноста и контрадикторноста. Рамноправноста меѓу странките и „еднаквоста на оружјата“ се зацврстуваат со поголемата контрадикторност и можноста за вкрстеното испитување како нова техника на добивање одговори од доказните средства.
Начелото за барање на материјална вистина се става во сенка на процедуралната правичност без притоа да се загрози доследното почитување на базичните човекови права. Текот на главна расправа е креиран да ја потврди демократичноста и објективноста на постапката за изведување на доказите, создавајќи клима на модерна постапка која е подредена на дозата на интерес која ја имаат странските за крајниот исход од постапката.
Клучни зборови: начела, усност, јавност, контрадикторност, рамноправност, непосредност

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Elena Maksimova
Date Deposited: 06 Apr 2015 08:10
Last Modified: 07 Aug 2015 10:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13018

Actions (login required)

View Item View Item