Предизвици при изработка на општите и посебните услови кај договорите за осигурување

Koevski, Goran and Tusevska, Borka and Spasevski, Darko (2014) Предизвици при изработка на општите и посебните услови кај договорите за осигурување. Европско право, 22. pp. 130-142. ISSN 1857- 842X

[img]
Preview
Text
предизвици при изработка на општите и посебните услоги кај договорот за осигурување.pdf

Download (571Kb) | Preview

Abstract

    Влегувањето во облигационо правен однос по концептот take it or leave it само по себе ја наметнува опасноста од повреда на едно од основните начела на кои се базира облигационото право и тоа: еднаквоста/рамноправноста на странките при уредувањето на содржината на договорот. Во деловниот свет склучувањето на договорите преку концептот на „типски/атхезиони договори“ придонесува кон брзо и симплифицирано уредување на односите на потенцијалните договорни страни. Ваквата концепција на склучување на договорите е во духот на брзиот и масовен промет, и од аспект на заштита на интересите на понудувачот на услуги обезбедува голема предност.     Сепак, примената на овој концепт не секогаш претставува предност и за двете потенцијални страни на договорот. Имено, голем е бројот на потрошувачки договори кои се склучуваат по принципот прифаќање на општите услови на работење на едната договорна страна, па другата многу лесно може да се јави во позиција на страна со нерамноправно наметнати обврски и права. Ваквата практика истото така може да се сретне и на теренот на трговските договори (B2B), иако опасност од повреда на рамноправноста е уште поголема кога станува збор за уредување на односите помеѓу страните кај потрошувачките договори (B2C). Во основа, најголемиот предизвик за трговските друштва кои работат по принципот на не/прифаќање на општите услови претставува создавањето на општи или посебни услови кои ќе претставуваат правила за работење прифатливи за понудената страна, а подобни за заштита на интереси на понудувачот на услуги како нивен креатор.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 20 Mar 2015 10:18
Last Modified: 20 Mar 2015 10:18
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12952

Actions (login required)

View Item View Item