Развој на андроид апликација за балансирана исхрана

Stojanovski, Pavle (2015) Развој на андроид апликација за балансирана исхрана. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of ПАВЛЕ СТОЈАНОВСКИ-магистерска.pdf]
Preview
Text
ПАВЛЕ СТОЈАНОВСКИ-магистерска.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Благодарение на брзиот развој на паметните телефони во последните неколку години, забележан е голем развој во изработката на апликации за овој вид телефони. Од друга страна, врз основа на голем број епидемиолошки истражувања, Светската здравствена организација (WHO) направи класификација на ризиците од различни заболувања поврзани со зголемената телесна маса. За таа цел, беше препозната потребата за изработка на нова мобилна апликација за индивидуална пресметка на балансирана исхрана врз основа на личните податоци на корисникот.
Во првата фаза на изработката на овој труд, избрана е медицинската научна литература за точно дефинирање на потребните основни параметри. Исто така, за сите пресметки што се извршуваат во оваа апликација се користени медицински препораки што се прифатени меѓународно. За изработка на оваа апликација е користен Ecliplse со ADT (Android Development Toolkit) додаток, кој поддржува голем број библиотеки потребни за изработка на една андроид-апликација. Во апликацијата за балансирана исхрана, секој корисник ги внесува своите параметри: пол, старост, висина (cm), маса (kg) и посакувана цел на телесна маса изразена во проценти (%). Важен параметар што е земен предвид е нивото на физичката активност на корисникот. Врз основа на внесените параметри, со помош на алгоритам, се пресметуваат BMR (basal metabolic rate) и дневниот внес на протеини, јагленохидрати и масти.
Денешната генерација на паметни телефони, нивната оригиналност, масовна употребливост и компјутерските карактеристики претставувааат идеална платформа за пресметување на потребната доза за исхрана на начин што е достапен и прифатлив речиси за секого и има потенцијал за значително позитивно влијание врз здравиот живот на луѓето.

Клучни зборови: BMR, баланирана исхрана, андроид-апликација.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 13 Mar 2015 12:33
Last Modified: 13 Mar 2015 12:33
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12916

Actions (login required)

View Item View Item