Наративните сегменти во романот „Пророкот од Дискантрија“ од Драги Михајловски (прв дел)

Mladenoski, Ranko (2004) Наративните сегменти во романот „Пророкот од Дискантрија“ од Драги Михајловски (прв дел). Современост, 51 (4). pp. 78-89. ISSN 0038-5972

[img]
Preview
Text
Ranko Mladenoski za Prorokot od Diskantrija od D Mihajlovski.pdf

Download (14Mb) | Preview

Abstract

Овој труд е првиот дел од екстензивната интерпретација на раскажувачките сегменти од романот „Пророкот од Дискантрија“ од Драги Михајловски што беше објавен во 2001 година од издавачката куќа „Каприкорнус“ во Скопје. Вториот дел од оваа интерпретација беше објавен во бројот 5 од списанието „Современост“ во 2004 година. На почетокот од овој прв дел од интерпретацијата на „Пророкот од Дискантрија“ се назначени основните структурни елементи на романот што се состои од приказна којашто поврзува настани од македонското тло од два периода со огромна временска дистанца. Имено, првиот период е крајот на 11 и почетокот на 12 век, додека вториот период е крајот на 20 век. Тоа значи дека првиот дел е преокупиран со историјата (минатото), додека вториот дел со актуелното (сегашноста). Покрај тоа, во трудот се потенцира и фактот дека романот е конципиран во форма на дијалог меѓу Василиј (проповедник на Богомилството) и Теофилакт (архиепископ охридски), односно како обраќање на Василиј кон гробот на Теофилакт. Наративните сегменти што произлегуваат од тој „дијалог“ (всушност, монолог на Василиј) се следните: проблемот со името на Република Македонија, ѕидот и угорницата како пречки за решавање на тој проблем и за влегувањето на Македонија во меѓународните институции, дуализмот (произлезен од Богомилското движење), како и новозаветниот модифициран паралелизам, односно деконструкцијата на голем број од содржините на Новиот завет. Така, всушност, и завршува овој прв дел од интерпретацијата на романот „Пророкот од Дискантрија“, односно со тоа дека Василиј им дава свое логично објаснување на чудата од новозаветните евангелија.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 10 Mar 2015 10:51
Last Modified: 10 Mar 2015 10:51
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12892

Actions (login required)

View Item View Item