Дипломатска организација, дејност и професија

Dostinova Zaprova, Tanja and Sotiroski, Ljupco (2014) Дипломатска организација, дејност и професија. Универзитет „Гоце Делчев", Штип. ISBN 978-608-244-061-3

[img]
Preview
Text
REPOZITORIUM_SOTIROSKI.pdf

Download (2359Kb) | Preview

Abstract

Дипломатијата е поим со повеќе значења чијашто заедничка допирна точка допира до сферата на меѓународните односи и надворешната политика. Зборот „дипломатија“ потекнува од грчкиот збор diploma *што значи двојно свиткан документ кој служи како доказ за завршени студии. Подоцна зборот примил друго пошироко значење, што означувало службен документ (меѓу другото и спогодби меѓу владетелите).Поимот дипломатија исто така се поврзува со формалното посредување во меѓусебното комуницирање помеѓу државите, со одредби и правила што се однесуваат на официјалните органи коишто ги вршат тие работи, како и со вештина во јавното и тајното водење преговори меѓу одделни влади. Преносното значење на овој поим претставува мудро, внимателно и учтиво однесување. Се смета дека поимот дипломатија прв го употребил кардиналот Ришелје кој меѓу 1624 и 1642 бил поданик накралот на Франција, Луј XIII. Во меѓународниот јавен промет поимот дипломатија се одoмаќинил и втемелил дури во почетокот на XIX век, додека претходно во текот на XVII и XVIII век бил само „државничка вештина“ регулирана со обичајното право. Ваквата дејност најмногу се вртела околу разгледување и анализа на стари пергаменти и дипломи, за да на нив се засноваат некои застарени претензии, а во 19 век за да се занимаваат со студии на меѓународни договори, исправи и документи кои се именувале како дипломатски исправи, за да можат дипломатите во нив да бараат поддршка за својата работа и во „дипломатските преговори и нивните резултати (договори) за да имаат одредена форма на исправа или документ “.1 Подоцна е направена разлика меѓу поимот дипломатија и дипломатика под кој се подразбира посебна, помошна историска наука што ја проучува веродостојноста на историските извори-повелби, договори и други историски документи. Во подоцнежниот период со еволуцијата на дипломатијата и самиот поим дипломатија добива пошироко значење. Таа означува раководење во меѓународните односи по пат на водење преговори, спроведување соработка помеѓу државите со мирољубиви средства, метод преку кој овие односи се регулирани и спроведени од амбасадорите или пратениците, професија или вештина на дипломатите.2 Оттука и звањето дипломат, што значи лице назначено од државата да изведува дипломатски работи во друга држава или меѓународна организација согласно уредно овластување од сопствената држава, прошишано со закон.Во денешно време дипломатија малку го изменила својот облик. Основната функција на дипломатијата е да се претстави државата која се застапуваво странство преку промовирање на нејзините интереси и цели. Дипломатијата е задолжена да ја спроведува надворешната поликата и да воспоставува меѓународни односи на тој начин што ќе ја брани политиката на својата држава која ја утврдуваат властите во неа (претседател, влада, парламент и сл.) Накусо, целите на дипломатијата се насочени кон претставување и застапување на земјата во странство, штитењеи информирање на својата земја и развивање односи со другите земји преку процесот на преговарање.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Ljupco Sotiroski
Date Deposited: 09 Mar 2015 13:41
Last Modified: 09 Mar 2015 13:41
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12883

Actions (login required)

View Item View Item