Улогата на измамата и маските во „Хамлет“

Pop Zarieva, Natalija (2014) Улогата на измамата и маските во „Хамлет“. Зборник на трудови, Филолошки факултет, 5 (5). ISSN 1857- 8667

[img]
Preview
Text
Улогата на измамата и маските во „Хамлет“.pdf

Download (608Kb) | Preview
Official URL: https://e-lib.ugd.edu.mk/resursi/zbornici/filolosk...

Abstract

Измамата и маските се важен елемент на многу драми од Шекспир, како Отело и Дванаесетата ноќ, но во трагедијата Хамлет целото дејство е базирано на повеќекратни измами исткаени од главните и споредните ликови. Цел на овој труд е да се претстават и анализираат причините и последиците од измамите и лажното претставување на ликовите во оваа трагедија, да се утврди како тие влијаат на развојот на драмскиот текст, на впечатливоста на главниот машки лик и на завршетокот на драмата. Исто така се разгледува прашањето дали измамата е деструктивна или може да има и позитивни ефекти, дали таа го прави Хамлет херој или антихерој и дали неговата фатална грешка лежи во фактот што предолго го жали својот татко или пак во решеноста да ја одмазди неговата смрт. Клучни зборови: вистинско лице, стапица, херој, антихерој, фатална грешка

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Humanities > Philosophy, ethics and religion
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Natalija Pop Zarieva
Date Deposited: 09 Mar 2015 13:35
Last Modified: 06 Aug 2015 09:50
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12880

Actions (login required)

View Item View Item