Развој на дијагностички радиофармацевтици базирани на радиообележани пептиди: Супстанца „P“

Smilkov, Katarina and Gjorgieva Ackova, Darinka and Janevik-Ivanovska, Emilija (2012) Развој на дијагностички радиофармацевтици базирани на радиообележани пептиди: Супстанца „P“. In: Прв стручно-научен собир на ФМН, 21 Dec 2012, Stip, Republic of Macedonia.

[img]
Preview
Text
Abstracts FMN UGD 2012.pdf

Download (958Kb) | Preview

Abstract

Супстанца „Р“ е невропептид од тахикининската група, кој се состои од единаесет аминокиселини. Овој пептид, покажува најголем афинитет кон неврокинискиот рецептор (NK1), кој се наоѓа во повеќе нормални ткива: мозок, лимфатично ткиво, тимус и плунковни жлезди. Висок афинитет за врзување на супстанца „Р“ е забележан кај неколку неоплазми кои покажуваат зголемена експресија на овој рецептор. Во исто време, покажано е дека овој пептид игра улога во патогенезата на воспалителните процеси. Цел на истражувањето: Целта на ова истражување е да се подготви и карактеризира аналог на супстанција Р комплексиран со 99mTc, кој би можел да се користи како дијагностички агенс. Материјали и методи: Подготовката на комплексот се одвива во две фази, при што првата се формира нитридо-јадро [99mTc≡N]2+, кое во втората реакција се врзува со тридентатниот дериват на супстанција Р (SNS-SP): [SP = Cys-Cys-Arg-Pro-Lts-Pro-Gln-Gln-Phe-Phe-Gly-Leu-Met] и мондентатниот лиганд - PCN, (Х): монофосфин-трис-(2-цијаноетил)-фосфин, при што се формира т.н „3+1“ комплекс [99mTc(N)(SNS-SP)(X)]. Добиениот комплекс се прочистува со реверзно-фазна хроматографија. Радиохемискиот принос е определен со HPLC хроматографија. SPECT студиите и снимките со X-зраци, се направени со интегриран дигитален систем за снимање со Х-зраци и YAP-(S)PET скенер. Резултати: Добиениот радиохемиски принос на [99mTc(N)(SNS-SP)(X)] комплексот се движи во граници од 94.5 ± 3.0. При проценка на стабилноста на комплексот во серум и стабилност при трансхелација со глутатион и цистеин, не се покажа значајна промена во радиохемиската чистота после 24 часа инкубација на 37°C. Добиените снимки покажуваат висока концентрација на комплексот во бубрезите и во мочниот меур, а помали концентрации се забележани во црниот дроб и дигестивниот апарат. Може да се забележи постоење на извесна активност во тимусот и плунковните жлезди. Заклучок: Подготвен е нов комплекс, со состав [99mTc(N)(SNS-SP)(PCN)] со висок принос, кој може да се формулира како радиофармацевтик за дијагностика на ткива кои експресираат рецептори за Супстанца„Р“ (воспалителни процеси, неоплазми со зголемена експресија на рецептори за Супстанца „Р“).

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Darinka Gorgieva Ackova
Date Deposited: 06 Mar 2015 13:03
Last Modified: 06 Mar 2018 10:43
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12833

Actions (login required)

View Item View Item