Истражување и развој на гео-информационен систем на Универзитетот „Гоце Делчев“

Delipetrov, Todor and Delipetrev, Blagoj and Zdravev, Zoran and Mileva, Aleksandra and Stojanovic, Igor and Petrov, Gose and Solomatine, Dimitri and Jonoski, Andreja and Stojanova, Aleksandra and Ljubotenska, Ana and Kocaleva, Mirjana (2015) Истражување и развој на гео-информационен систем на Универзитетот „Гоце Делчев“. [Project]

Full text not available from this repository.
Official URL: http://scholar.ugd.edu.mk/tdelipetrov/proekti

Abstract

Предложениот гео-информационен систем на Универзитетот Гоце Делчев (УГД) има за цел да ги истражи најновите достигнувања во информатичко комуникационата технологија (ИКТ) вклучуваќи ги 1) облак (анг. Cloud computing) 2) сервис ориентирана архитектура 3) веб географски информациони системи (веб ГИС). Истражувањата треба да резултираат со развивање на најсовремен гео-информационен систем на УГД по примерот на познатите светски универзитети. Основната цел на гео-информациониот систем е да ги зачува сите геопросторни податоци (мапи), на централизирано место, и да овозможи непречен пристап до нив. За таа цел ќе се формира работна група составена од претставници од факултетите на УГД, која ќе се бави со промоција на гео-информациониот систем меѓу колегите, како и прибирање на гео-податоци. Врз база на гео-информациониот систем ќе се развиваат специјализирани апликации од различен домен, како на пример апликација за менаџмент на водени ресури, и други. Гео-информационите системи имаат огромна примена во повеќе државни институции вклучувајки ги: Геолошки Завод, Министерство за економија, Министерство за земјоделие итн. Знаењата и искуствата добиени со равивање на гео-информациониот систем на УГД ќе можат да се применат во нив, зголемувајќи ја соработката со државните институции. Исто така се планира голема меѓународна активност на полето на гео-информационите системи и објавување на неколку трудови во меѓународни списанија со фактор на влијание. Како партнери во проектот се колегите од UNESCO-IHE, од Делфт, Холандија, а веќе се направени контакти со неколку други универзитети како Politecnico Milano и University of Exeter. Со нив се планираат заеднички EU Horizon 2020 и NATO SFP проекти.

Item Type: Project
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Mirjana Kocaleva
Date Deposited: 25 Feb 2015 11:45
Last Modified: 27 Oct 2016 09:29
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12818

Actions (login required)

View Item View Item