Проучување на дистрибуцијата на поточно рецентно и алувијално злато во Источна Македонија

Stefanova, Violeta and Serafimovski, Todor and Sijakova-Ivanova, Tena and Tasev, Goran and Ivanovski, Igor and Krstev, Nikolco (2015) Проучување на дистрибуцијата на поточно рецентно и алувијално злато во Источна Македонија. [Project]

Full text not available from this repository.
Official URL: https://scholar.ugd.edu.mk/vikistefanova/proekti

Abstract

Присуството и постоењето на златото како минерална суровина и неговото истражување во Р. Македонија има долга историја. Досега се откриени и проучувани голем број на појави и минерализации на злато. Овде треба да се напомене дека најголем број од нив се само делумно истражени. Имајќи го во предвид зголемениот интерес за проучување на овој метал во последните години, секако за тоа голем удел има и цената на овој метал, сметаме дека проучувањата кои ќе бидат извршени во рамките на овој проект ќе дадат придонес кон подобро осознавање на можностите за откривање на минерализациите на злато. Целта на овој проект ќе бидат минерализациите на злато пред се во рецентните алувиони во источниот дел на Македонија каде досега се констатирани и неколку потенцијални наоѓалишта на овој племенит метал. Со проектот ќе бидат опфатени локалности со веќе познати информации за дистрибуција на златото. Поточно ќе бидат опфатени поголемите реки како Анска Река кај Валандово, Сушица во северниот дел на Струмичка Котлина, Лакавица во Централните и Источните делови на Македонија, Пекланска Река кај Виница, потоа Киселички Поток во рамките на јужните ободи на планината Плавица во Кратовско-Злетовскиот руден регион, Река Повишица на локалитетот Боровиќ во северните до северо-западни ободи на Кратовско-Злетовската вулканска област, потокот Боров Дол кој го третира познатото наоѓалиште на бакар и злато во рамките на рудниот реон Бучим-Дамјан-Боров Дол, Жарница и горните текови на Стара Река кои ги дренираат западните падини на планината Дудица во која е утврдено присуство на полиметална минерализација со злато поврзана со Плиоценскиот вулканизам на Кожуф.

Item Type: Project
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Violeta Stefanova
Date Deposited: 25 Feb 2015 11:51
Last Modified: 25 Feb 2015 11:51
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12817

Actions (login required)

View Item View Item