Историско – географски пресек на туризмот и угостителството во Република Македонија

Dimitrov, Nikola and Taskov, Nako and Koteski, Cane and Mitreva, Elizabeta and Metodijeski, Dejan and Angelkova, Tanja and Josheski, Dushko and Filiposki, Oliver and Kovacevik, Kristina (2015) Историско – географски пресек на туризмот и угостителството во Република Македонија. [Project] (Unpublished)

[img]
Preview
Text
02.PDF-Popolnet obrazec,FTBL,Proekt,Ist.-geo.presek na tur. i ugos. vo RM,mak.i ang.j.,NVD12.2014,9.pdf

Download (927Kb) | Preview
[img]
Preview
Image
Poster - Istorisko - geografski presek na turizmot i ugostielstvoto vo Republika Makedonija so rakovoditelot.jpg

Download (252Kb) | Preview
Official URL: https://scholar.ugd.edu.mk/nikolavdimitrov/proekti

Abstract

Проектот „Историско – географски пресек на туризмот и угостителството во Република Македонија“ претставува емпириско повеќенаменско истражување. Имено, преку проектот ќе се откријат нови податоци за појавата на првите анови и меани кои датираат од средниот век па наваму. Историски гледано ќе се навлезе длабоко во минатото преку изворни податоци од турски документи, разни други документи кои се чуваат во државниот и подрачните архиви во поголемите градови во Република Македонија. Исто така, во процесот на истражувањето ќе се користат и податоци од разни објавени историски книги, монографии на населби и други публикации, дневниот печат и слично. Истражувањето ќе вклучува и повеќе интервјуа со лица кои биле и сè уште се вработени во областа на туризмот и угостителството. Истражувањето географски ќе го опфати целиот простор на Република Македонија, и во посебни тематски карти ќе се внесат поважните анови, сараи, хотели, меани и ресторани. Процесот на истражување ќе се одвива преку користење на архивска граѓа за научни цели од Државен архив на Република Македонија во Скопје и осумте одделенијата, податоци од повеќе спомени, патописи, мемоари, постари весници и друго. Целта на проектот е откривање на почетоците на првите анови, сараи, меани, ресторани и хотели и нивната географска распространетост по население места на просторот на Република Македонија. Се очекува, на терен да бидат идентификувани и фотографирани одредени локации на некогашни анови, сараи, хотели, гостилници и меани во градските и поголемите селски населби низ просторот на Република Македонија. Резултатите од емпириското истражување ќе бидат текстуално, табеларно, статистички обработени, поткрепени со фотографии и разни други документи. Главен продукт од истражувањето ќе биде публикување на неколку научни трудови и една монографска книга за Историско - географски развој на туризмот и угостителството во Република Македонија.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Humanities > History and archaeology
Social Sciences > Other social sciences
Social Sciences > Social and economic geography
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Nikola Dimitrov
Date Deposited: 25 Feb 2015 11:51
Last Modified: 25 Feb 2015 11:51
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12804

Actions (login required)

View Item View Item